„Дали големината е важна?“ – одговори на 5 прашања за сексот кои ги мачат сите мажи (18+)
Жените понекогаш немаат толкава самодоверба колку што треба, и се преоптоварени со целулитот, влакната, килограми или пак други неважни работи поврзани со физичкиот изглед.
Но, мажите се далеку понесигурни од нив, иако тоа го кријат многу повешто.
Некои прашања поврзани со сексот не престануваат да ги мачат:
Дали големината е навистина важна?
Мажите секогаш ќе си го поставуваат ова прашање. Големината навистина не е пресудна, бидејќи без добра техника нема да се паметат ниту најнадарените мажи.
Освен тоа, ако пенисот е преголем, големи се шансите тоа да биде болно и непријатно искуство. А, кој може да се задоволи пак со премал пенис, хммм…
Дали е важно колку ќе трае сексот?
За да не заврши сè пребрзо, мажите користат разни трикови за време на сексот, односно размислуваат за нешто сосема друго.
Овие трикови понекогаш можат да го продолжат сексот и повеќе од половина час, што и онака е прилично непријатно за жената.
Времетраењето на сексот е важно, а за жената да биде задоволна, сексот во просек треба да трае 15-20 минути, но секако тоа е индивидуално.
Дали предиграта е преценета или потценета?
Повеќето жени сакаат предигра. Но, тоа не опфаќа само бакнување, гушкање и слично. За „загревање“ може да се смета и начинот на кој мажот зборува со жената, претходните состаноци и времето поминато заедно пред сексот.
Меѓутоа, понекогаш брзиот, спонтан секс како оној на масата во кујната е страстен како и сексот со предигра. Важни се емоциите и страста како и моментот, а не предиграта.
Дали жената е незадоволна ако не доживее оргазам?
Наместо тоа, би можело да се каже дека жената се чувствува изневерено ако партнерот не се потруди таа да доживее оргазам. Сепак, ова е главниот показател дека мажот се грижи за својата партнерка.
За жените, оргазмот е речиси исто толку важен како и за мажите. Единствената разлика е во тоа што жените не чувствуваат болка во интимните органи доколку се возбудат, а не го доживеат.
Дали оралниот секс е подобар од вообичаениот секс?
Мажите обожаваат кога партнерката орално ги задоволува и многу повеќе зборуваат за тоа еден со друг отколку за обичен секс.
Затоа, тие се изненадени кога жената не сака орален секс, дури и кога се подготвени да им го пружат тоа задоволство.
На жените треба да им се даде време сами да одлучат кога е дојден вистинскиот момент за тоа. Во некои случаи, оралниот секс би можел да се опише како „пријател кој ретко излегува, но кога ќе излезе – одличната забава е загарантирана“.
(О)Милена | Црнобело