7 знаци дека сте во здрава врска и секој ден ви е Свети Валентин

Вљубени сте во партнерот, се чувствувате прекрасно покрај него и не би го замениле за никого. Но, дали вашиот однос е здрав?

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-01.jpg

Не постои совршена врска и ова е сосема нормално. Нереално е да очекувате дека никогаш нема да се скарате со партнерот или дека во врската секогаш ќе владее хармонија.

Всушност, некогаш токму овие караници и „несовршености“ во врската можат да бидат знак за здрав однос помеѓу вас и партнерот.

Кои се знаците дека сте во здрава врска?

Користите „ние“ наместо „јас“

Кога зборувате за што било поврзано со партнерот и користите „ние“ наместо „јас“, тоа е добар знак.

Ако велите „Ние купивме нов дом“ или „Ние очекуваме дете“ или што било заедничко, тоа значи дека вистински се грижите за партнерот и секогаш го земате предвид и него.

Од друга страна, ако го изоставате партнерот кога зборувате за работи поврзани со вашата врска, можеби не сте подготвени да му се посветите.

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-02.jpg

Иако делите многу нешта, сепак сте посебни личности

Иако е важно да користите „ние“ наместо „јас“, исто важно е и вие и партнерот да останете свои личности во врската.

Ако имате различни хобија, пријатели или интереси, па дури и ако не се согласувате за некои работи, тоа е навистина добар знак.

Со ова покажувате дека сте свесни дека не мора постојано да бидете заедно и не мора сè да правите заедно бидејќи, сепак, сте посебни личности.

Истовремено, штом без проблем излегувате одвоено, тоа е јасен знак дека љубомората не постои во вашата врска.

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-03.jpg

Се грижите еден за друг

Ако и вие и партнерот си поставувате прашања како „Што правеше денес?“, „Зошто се задржа толку?“ и слично, ова исто така е добар знак.

Нормално, важно е и со каков тон се поставени овие прашања.

Ако ги поставувате со најдобра намера, односно бидејќи се грижите за партнерот, а не бидејќи сакате да го испрашувате или бидејќи се сомневате во нешто, вие сте изградиле мошне добар однос.

Со овие прашања покажувате дека ги земате предвид чувствата и потребите на партнерот, како и дека сте секогаш овде за него.

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-04.jpg

Јасно ви е дека нема да се согласувате за сè

Како што веќе спомнавме, вие и партнерот сте различни личности и некогаш нема да се согласувате за многу нешта.

Ако сте во здрава врска, и двајцата ќе го прифатите тоа и наместо да се расправате, секогаш ќе барате компромис и решение.

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-05.jpg

Зборувате отворено за лоши искуства од претходни врски

Според некои психолози, добро е да разговарате со партнерот за претходните врски, особено за лошите искуства.

Без разлика што повеќе не чувствувате ништо кон поранешниот партнер, ако тој ве повредил, разговарањето со новиот партнер може да ви биде од огромна помош.

Со овие разговори ќе ја зајакнете и довербата – едно од најважните нешта во врската.

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-06.jpg

Ги почитувате вашите граници

Ако не ви се допаѓа нешто и му го кажете на партнерот, а тој го прифати тоа, ова е знак дека сте во добра врска. Секако, важи и обратното.

Можеби вие или партнерот не сакате разменување нежности во јавност, не сакате некој да ги допира вашите работи или што било друго, а штом другиот покажува разбирање, вашиот однос е добар.

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-07.jpg

Не се фокусирате само на децата, туку и на вашата врска

Откако ќе станете родители, може да биде тешко да најдете време за партнерот, но ако сте во здрава врска, и на двајцата ќе ви биде јасно дека ова е потребно за вас.

Ако одвојувате време само за вас двајцата, без децата, тогаш и двајцата сте посветени партнери кои неуморно работат на вашиот однос.

ne-ochekuvate-da-se-soglasuvate-za-se-i-ushte-6-znaci-deka-ste-vo-zdrava-vrska-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg