„Сопругот ненамерно ми заѕвони со телефонот во џеб – слушав како има секс со бившата“

„Во брак сме 12 години, а на мојот сопруг ова му е втор брак. Неговата бивша е мошне здодевна. Постојано го вознемирува и бара изговори за да го викне да помине кај неа...“

ispoved-na-zhena-soprugot-nenamerno-mi-zadzvoni-so-telefonot-vo-djeb-slushav-kako-ima-seks-so-bivshata-01.jpg

На сите некогаш ни се случило мобилниот телефон случајно да заѕвони сам од џебот, а оваа жена е убедена дека тоа му се случило и на нејзиниот сопруг додека имал секс со бившата сопруга. Таа во своето писмо до колумнистката на The Sun, Дидре раскажува како почнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

ispoved-na-zhena-soprugot-nenamerno-mi-zadzvoni-so-telefonot-vo-djeb-slushav-kako-ima-seks-so-bivshata-02.jpg

Проследете го нејзиното писмо во целост:

Неодамна кога му се јавив на сопругот на работа слушнав звуци на страст во заднина. Кога го прашав што е тоа, ми рече дека најверојатно е радиото и се однесуваше чудно.

Вчера му ѕвонев кога си доаѓаше дома и слушнав како некоја жена се кикоти во заднина. Повторно беше расеан.

Имам претчувство дека тоа беше неговата бивша.

Во брак сме 12 години, а на мојот сопруг ова му е втор брак.

Неговата бивша е мошне здодевна. Постојано го вознемирува и бара изговори за да го викне да „помине кај неа“.

Мојот сопруг има 42 години, јас имам 39 години. Неговата бивша има 40 години и мошне е несигурна.

Но, станав сигурна дека тој ме изневерува откако случајно му се случи да ми заѕвони со телефонот од џебот и јас имав ужасно искуство да слушам нешто што звучеше како да имаат мошне жежок и страстен секс. Ми се слоши.

Мојот сопруг си дојде 30 минути подоцна и ми рече дека се задржал на работа заради прием на роба. Тој работи во продавница за авто-делови.

По ова отиде да се истушира и го остави мобилниот телефон на страна, па јас набрзина му ги прегледав пораките.

Видов пораки на WhatsApp до неговата бивша, во кои тој ѝ кажува дека сè уште ја сака. Кога излезе од бањата облечен во тренерки, подготвен за фудбал, јас почнав да му викам: „Се гледаш со НЕА“.

Тој ми одговори: „Да и што сега“, ми одмавна со рака и не ми обрна внимание. По ова ѝ испрати порака, знам дека ѝ пишуваше нејзе затоа што тоа го направи пред мене.

Му се развикав и му реков да си оди, на што ми одговори: „Ова е моја куќа, не одам никаде“.

Сега е мошне студен со мене. Се преселив во другата соба, но тој не сака воопшто да разговара со мене. Би го напуштила, но имам две мачки што ги обожавам и не можам да си заминам.

ispoved-na-zhena-soprugot-nenamerno-mi-zadzvoni-so-telefonot-vo-djeb-slushav-kako-ima-seks-so-bivshata-03.jpg

Колумнистката Дидре има свој совет до оваа жена. Според неа можеби има вистинско објаснување за тоа што таа мисли дека го слушнала, но тој не сака да ѝ објасни, затоа што веднаш побрзала да донесе заклучок за тоа што го слушнала, а не сакала да му поверува во неговото објаснување.

Дополнително, таа бара од жената да се наврати на минатото и одблиску да ја анализира сопствената врска: дали можеби проблемот е во тоа што парот веќе имал нарушена комуникација и страста меѓу нив веќе згаснала:

„Пред да се случи ова, дали се сложувавте добро? Дали заедно поминувавте повеќе време? Дали сексуалниот живот ви беше на задоволително ниво? Дали ако нештата се вратат на она што биле претходно, дали можеш да поправиш нешто?

Дополнително, Дидре појаснува дека доколку навистина е точна приказната на нејзиниот сопруг и тој навистина бил на работа, девојката дополнително го влошила проблемот со тоа што почнала да му пребарува во телефонот:

Можеби е лут затоа што си му пребарувала во телефонот. Обиди се смирено да му објасниш на сопругот дека не можеш да живееш вака. Дека вака и двајцата сте мизерни.

За крај, доколку проблемот не можат да го решат меѓу себе, Дидре им препорачува да побараат помош од стручни лица, што би им помогнале да го подобрат нивниот меѓусебен однос во бракот и да ја подобрат меѓусебната комуникација:

Кажи му дека ќе побараш совети од стручно лице за да ви помогнат како да продолжите понатаму и обиди се да го натераш да ти се придружи“ – ја советува Дидре.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg