„Ако е убава и згодна, нема да биде добра сопруга“ – 5 најчести предрасуди што мажите ги имаат за жените

Стереотипите со текот на времето имаат тенденција да се претвораат во оправдувања со кои потоа луѓето се повредуваат себеси, но и другите и несвесно ја саботираат среќата во животот.

ako-e-ubava-i-zgodna-nema-da-bide-dobra-sopruga-5-najcesti-predrasudi-sto-mazite-gi-imaat-za-zenite-01.jpg

Ако на целиот процес ги додадете стереотипите што ги имаат и мажите и жените, сè станува многу потешко, особено на љубовен план.

Кои се најчестите лоши стереотипи, односно предрасуди кои мажите ги имаат за жените?

Жените ги интересираат само парите

Некои мажи веруваат дека сè што ги интересира жените е материјалниот статус. Изјавите одат дотаму што овие мажи веруваат дека само богатите и успешните можат да најдат вистинска љубов.

Вистина е дека чувството на сигурност им е многу важно на повеќето жени, но тоа не мора да се однесува само на финансиската стабилност и не мора да има врска со парите.

Исто така, факт е дека постојат и жени кои сè гледаат низ призмата на парите, но има и такви мажи, па затоа не дозволувајте оваа предрасуда да ве оддалечи од потенцијалната вистинска љубов.

Ако жената е многу убава, нема да биде добра сопруга

Многу мажи сè уште веруваат дека ако жената физички е привлечна и искрено ужива во интимност и интимни односи, таа нема да биде добра сопруга. 

Напротив, тоа само значи дека е сосема здрава жена, а начинот на кој изгледа и ја изразува својата сексуалност нема никаква врска со квалитетите што ги поседува.

Жените веднаш се врзуваат и сакаат да те заробат

Жената којашто е вљубена или сака некого ќе стори сè за да го задржи вниманието на таа личност. Сепак, тоа не значи дека таа сака да биде врзана по секоја цена и дека свадбените ѕвона одѕвонуваат во нејзината глава. 

Така, наместо да бегате од жените и да мислите дека истите веднаш ќе ве „заробат во кафез“, опуштете се и уживајте.

Секоја жена сака да го смени мажот

Јасно е дека мажите не сакаат да се откажат од пиво со пријателите или да гледаат фудбалски натпревар одвреме-навреме. Имаат потреба од слобода, така што постои страв дека жената ќе ги промени, контролира или ќе ги претвори во некој што не се.

Не дозволувајте овој страв да ве спречи да уживате во љубовта или да ја пронајдете. Ако мислите дека личноста со која сте во врска се обидува да го стори тоа, отворено разговарајте на темата.

Жената мора секогаш да биде фит и средена

Како што мажите не сакаат да се вреднуваат само врз основа на „дебелината“ на нивните паричници, така и жените не сакаат да ги перципира некоја само како добро тело, односно „парче месо“.

Една од причините што мажите си ги уништуваат шансите да ја пронајдат вистинската љубов е тоа што ги одбиваат жените поради нивниот физички изглед што не е во согласност со нивните стандарди и очекувања.

Јасно е дека и вашиот партнер треба физички да ве привлече, но жените, како и мажите, постојат во сите облици и големини.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg