Мисионерска поза - романтични: Што открива омилената секс поза на една жена за неа?
Навистина многу може да се каже за една жена благодарение на нејзиниот личен избор, од пијалакот кој таа го претпочита, до стилот на облекување и омилената литература. Но, ништо не е толку силен показател за карактерот на еден човек како изборот на омилената секс поза.
Зошто? Бидејќи ова е една од најинтимните работи во нашите животи исполнета со силно задоволство. А со оглед на големиот број различни пози во сексот во кои двата пола имаат поголема или помала доминација, постојат јасни показатели за тоа што преферираат жените за време на сексуалниот однос.
Што открива омилената секс поза на една жена за неа?
Мисионерска поза
Оваа класична поза е првиот, сигурен избор за повеќето парови и првата што најчесто се испробува со нов партнер. Се смета дека жените што ја сакаат оваа поза се романтични.
Оваа поза ја зголемува интимноста помеѓу партнерите бидејќи се постигнува длабок контакт со очите. Жените коишто ја сакаат оваа поза дефинитивно ја сакаат и удобноста што им ја дава истата и уживаат кога нивниот партнер го презема водството.
Каубојка
Кога станува збор за т.н. „каубојка“ секс поза, жената е таа што има целосна контрола. Дамите ја обожаваат оваа поза бидејќи им овозможува да го контролираат движењето на колковите, а за многу од нив ова е еден од најдобрите начини за да доживеат вагинален оргазам.
Бидејќи жената доминира за време на оваа поза, за оваа жена се смета дека таа е личност којашто точно знае што сака.
Кучешка „доги“ поза
Некои жени го сакаат сексот одзади бидејќи се помалку емотивно ангажирани и така полесно можат да се концентрираат на задоволство без разни одвлекувања на вниманието. Исто така, неопходно е жената да биде покорна и целосно да ужива додека нејзиниот партнер доминира во акцијата.
Обратна каубојка
И тука зборуваме за жени кои без сомнеж знаат што сакаат. Фактот дека нејзиното лице е свртено од мажот подразбира дека таа можеби сака да ужива подлабоко во врската и да потоне во задоволство преку разни сексуални фантазии, без да го гледа партнерот под неа.
Поза „69“
Доколку на жената ѝ се допаѓа позицијата 69, веројатно сака да му пружа орален секс на својот партнер и во исто време да го добие исто задоволство. Ова е личност која сака целосно да дава и да добива задоволство за возврат.
(О)Милена | Црнобелo