Секс терапевт открива: 12 знаци дека не сте добри во кревет
Нормално е да се прашувате дали сте добри во кревет – ова е нешто што ги „мачи“ буквално сите. Ако не сте сигурни дека ги задоволувате сексуалните потреби на партнерот, искрениот разговор е секогаш најдоброто решение.
Кога станува збор за секс, комуникацијата меѓу партнерите е едно од најважните нешта. Важно е отворено да си кажувате што сакате, а што не сакате во кревет бидејќи само вака и двајцата ќе бидете задоволни.
Но, постојат и некои знаци што покажуваат дека не сте добар сексуален партнер, а секс терапевтот Трејси Кокс открива неколку од нив за Daily Mail.
Па, кои се знаците дека не сте добри во кревет?
Не мастурбирате
Наводно, постои поврзаност помеѓу тоа колку често мастурбираат луѓето и колку уживаат во сексот. Односно, луѓето кои мастурбираат подобро го познаваат своето тело, знаат што сакаат во кревет, а сето ова ги прави и подобри сексуални партнери.
Немате многу искуство
Во овој случај не станува збор за тоа колку сексуални партнери имате, туку колку често имате секс. Како што вели Трејси, сите се усовршуваме со вежбање, а ова важи и во сексот.
Ниско или непостоечко либидо
Ако имате ниско либидо или практично не сте заинтересирани за секс, најверојатно нема да обрнувате многу внимание на желбите и уживањето на партнерот. Што значи, нема да бидете најдобриот сексуален партнер.
Главниот фокус ви е оргазмот
Иако оргазмот се смета за врвот во сексуалното уживање, Трејси вели дека самиот чин е многу поважен.
Ако брзате и се фокусирате само на тоа да доживеете оргазам, вашиот партнер веројатно нема да ужива многу.
Ја прескокнувате предиграта
Нормално е некогаш да не ви се чека и да не ви се „губи време“ со предигра, но во повеќето случаи, предиграта е многу поважна.
На пример, за жените предиграта е неопходна – на нивното тело им е потребно време да се подготви за секс, а предиграта го прави токму тоа.
Ниска самодоверба поради изгледот на вашето тело
Ако не можете да се опуштите за време на секс, веројатно нема да бидете многу добри во кревет.
Ако не се чувствувате удобно во своја кожа и постојано мислите на стомачето, целулитот или стриите, наместо на вашето и уживањето на партнерот, ќе се фокусирате на изгледот.