Секс терапевт открива: 12 знаци дека не сте добри во кревет

Го прескокнувате оралниот секс

Ако партнерот со задоволство ви пружа орален секс, но вие не го правите тоа за него, тогаш дефинитивно не сте добар сексуален партнер.

Страв ви е да пробувате нови нешта

Нормално, секој си има свои граници кога станува збор за секс, но Трејси вели дека не треба да се плашите да пробувате нови нешта, посебно кога сте во долга врска.

Трејси советува отворено да разговарате со партнерот за вашите сексуални фантазии и без двоумење да пробувате нови нешта што ќе ви се допаѓаат и на двајцата.

seks-terapevt-otkriva-12-znaci-deka-ne-ste-dobri-vo-krevet-03.JPG

Не кажувате што сакате

Не можете да очекувате партнерот да ги чита вашите мисли во спалната соба. Мора вие да му кажете што ви се допаѓа.

Ова значи дека е важно вие да го „проучите“ вашето тело и да откриете што ви се допаѓа, а овде може да ви помогне мастурбацијата.

Не го прашувате партнерот што сака

Не плашете се да го прашате партнерот дали му се допаѓа некоја ваша техника или дали сака нешто што не сте пробале досега.

Како што тој не ги чита вашите мисли, истото важи и вас, па комуникацијата е од огромна важност.

seks-terapevt-otkriva-12-znaci-deka-ne-ste-dobri-vo-krevet-05.JPG

Се навредувате ако партнерот ви каже дека не му се допаѓа нешто

Сите луѓе имаат разни потреби и желби, па не можете да очекувате на партнерот да му се допаѓа на што го сакате вие или нешто што му се допаѓало на некој ваш поранешен партнер.

Кога партнерот ќе ви каже дека не сака нешто, не го сфаќајте тоа како критика, туку како можност да се подобрите и да го зголемите уживањето во спалната соба.

Не му обрнувате внимание на партнерот после секс

Скоро сите сакаат прегратки и разменување нежности после секс, па не заборавајте на тоа. Ако го игнорирате партнерот после секс, ниту вие, ниту тој ќе се чувствува убаво.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg