„Случајно го видов прстенот со кој партнерот сака да ме запроси, но не ми се допаѓа - да му кажам ли?““

27-годишна девојка сосема случајно видела дека нејзиното момче порачало веренички прстен за неа кој самиот го дизајнирал, но кога го видела сфатила дека не воопшто не ѝ се допаѓа. Сега девојката се двоуми дали да му каже на момчето и да го расипе изненадувањето, или да молчи и да го прифати прстенот.

sluchajno-go-vidov-verenichkiot-prsten-za-mene-i-ne-mi-se-dopagja-dali-da-mu-kazham-na-momcheto-i-da-go-rasipam-iznenaduvanjeto-01.jpg

На Редит 27-годишна девојка сподели дека случајно видела мејл на таблетот на нејзиното момче за нарачка на веренички прстен.

Поради љубопитноста, веднаш го отворила мејлот, но штом го видела прстенот, сфатила дека не ѝ се допаѓа. Прстенот бил со зелени и црвени скапоцени камења - бои што премногу ја потсетувале на Божиќ.

Сега девојката бара совет дали да му каже на момчето за прстенот, или да молчи за да не го расипе изненадувањето.

„Одвреме-навреме го позајмувам таблетот на момчето за да гледам филмови кога сум на деловни патувања (нормално, со негова дозвола). Синоќа гледав нешто на неговиот таблет, кога му стигна нотификација за мејл.

Засрамена сум за овој дел бидејќи целосно ја почитувам неговата приватност, но од нотификацијата видов дека мејлот е за 'уплата за веренички прстен'. Шокирана сум – тој самиот дизајнирал прстен изминативе два месеци.

Очигледно има сентиментална вредност, тој вложил толку труд во прстенот и благодарна сум и без зборови… Но, срам ми е да кажам дека, едноставно, не ми се допаѓа. Скапоцените камења се зелени и црвени и не можам а да не мислам на боите на Божиќ“.

sluchajno-go-vidov-verenichkiot-prsten-za-mene-i-ne-mi-se-dopagja-dali-da-mu-kazham-na-momcheto-i-da-go-rasipam-iznenaduvanjeto02.JPG

„Еве што е проблемот – тој го испратил мејлот за потврда вчера, прстенот уште не е направен. Ќе почнат да го прават кога и да е. Дали ќе биде ужасно лошо да му ја кажам вистината и да го уништам изненадувањето на коешто работел толку напорно? Посакувам само да ме прашаше што ми се допаѓа. Ако ова е накит што ќе го носам засекогаш, нели би требало да го кажам моето мислење?

Премногу го сакам и не сакам да го повредам. На деловно патување сум до следната недела и сакам да разговараме за ова во живо, но ограничена сум со време. Што да правам?“

Девојката набрзо добила стотици одговори, а скоро сите ја советуваат дека е најдобро да му каже.

„Кажи му веднаш. Реално, црвените и зелените камења навистина звучат како лоша идеја“.

„Дефинитивно кажи му. Тој ќе потроши многу пари на ова и ќе го носиш прстенот целиот твој живот. Еден непријатен разговор вреди за прстен што навистина ќе сакаш да го носиш“.

„Имав слична ситуација – ја запросив девојката минатиот месец, кажа да, но го мрази прстенот и не го носи. Прстенот беше на мајка ѝ – јас видов сентиментална вредност во него, но таа гледаше само лоши сеќавања. Ова нема влијание врз нашата среќа, но сега сакав да ми кажеше пред да ја запросив“.

sluchajno-go-vidov-verenichkiot-prsten-za-mene-i-ne-mi-se-dopagja-dali-da-mu-kazham-na-momcheto-i-da-go-rasipam-iznenaduvanjeto03.JPG

„Да бев на местото на твоето момче, би сакал да ми кажеш. Ќе бидам поразочаран кога ќе дознам дека го мразиш прстенот, отколку за тоа што си го видела мејлот“.

Некои ја советувале девојката да провери случајно да не станува збор за 3Д модел, каде што обично се користат други бои за скапоцените камења. Ова би значело дека прстенот нема црвена и зелена боја. Сепак, девојката проверила и е сигурна за каков прстен станува збор.

Што мислите вие? Дали девојката треба да му каже на момчето или само да го прифати прстенот што не ѝ се допаѓа?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg