„Мислев дека сум вљубена во дечко ми сè додека најдобриот пријател не ме бакна – сега не знам што да правам“
„Мислев дека сум вљубена во моето момче сè додека најдобриот пријател не ме бакна. Моето момче е супер, но сака да стапиме во брак, а мене ми се лоши од тоа, не сакам ниту деца, а тој сака“ – стои во исповед на девојка.
Оваа девојка од Обединетото Кралство зборува за тоа како имаат сосема различни сфаќања за бракот и децата со нејзиното момче, а дека сè дополнително се сменило кога нејзиниот најдобар ја бакнал и ѝ признал дека е вљубен во неа.
Читателка на британскиот Sun испратила исповед за љубовната ситуација во која се наоѓа, со цел да добие одговор од нивниот психолог.
Во продолжение проследете ја нејзината исповед во целост:
„Мислев дека сум вљубена во моето момче сè додека најдобриот пријател не ме бакна. Моето момче е супер, но сака да стапиме во брак, а мене ми се лоши од тоа. Јас имам 28 години, а тој има 31 година. Тој е мошне близок со семејтвото. Тие се прекрасни луѓе, но мошне традиционални.
Кога разговара со нив за тоа дека ќе стапиме во брак, мајка му вели: ‘Тогаш ќе ме направиш баба и ќе ни го продолжиш презимето’. Ме лазат морници од тоа.
Тој знае дека јас не сакам деца, но тоју самиот за себе не е сигурен. Кога станува збор за коментарите од неговите родители тој ми вели: „Опушти се. Не им замерувај.“
Се грижам дека ако стапиме во брак ќе ми врши притисок да имаме бебе. Немав среќно детство и немам мајчински инстинкт. Неодамна бев на прошетка со мојот најдобар пријател. Тој има 29 години и пријатели сме уште од училиште. Тој исто така не сака деца и ги разбира моите ставови.
Додека шетавме, тој ме прегрна и ме погали по косата. Застанавме на една клупа, седнавме и тој ме повлече кон себеси.
Бев во шок кога ми рече: „Јас се вљубив во тебе!“
Но, се чувствував одлично кога го бакнав. Во еден миг се повлеков и му кажав дека не можам да го изневерам момчето, но нешто поттикна во мене и многу размислувам за тоа. Не сакам да повредам никого, но не сакам ниту да направам погрешен избор.
Знам дека не говорам за деца и брак поради погрешни причини. Навистина станувам вознемирена кога ќе помислам за тоа.
Според Дидре, дежурниот психолог на Sun, постои можност ниту една од овие врски да не е соодветна за девојката.
„Време е да имаш директен разговор со момчето и да му разјасниш дека не сакаш деца и дека најверојатно нема да се премислиш. Објасни му како се чувствуваш во однос на тоа прашање“ – вели Дидре.
Притоа, Дидре напоменува дека момчето мора во целост да биде подготвено за да ја продолжи врската, но и дека ќе мора да ја поддржи кога се во прашање неговите родители, затоа што тоа е одлука на парот и на никој друг.
Што се однесува за најдобриот другар, според Дидре, доколку и таа го чувствува истото за него, тогаш би требало многу подолго време да чувствува привлечност кон него.
Според неа, таа треба да се види со него и да му каже дека не сака тоа што се случило да им го расипе пријателството.
Што мислите вие? Кое е вистинското решение? Сте се нашле ли во ваква ситуација?
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com