Љубовта не е доволна - 15 работи кои ќе ги научите кога конечно ќе бидете во квалитетна врска

Другата личност нема да ве спаси, но нејзината љубов ќе направи да се чувствувате доволно силни за да се спасите самите себеси.

ljubovta-ne-e-dovolna-15-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-konechno-kje-bidete-vo-kvalitetna-vrska-01.jpg

Љубовта ќе изгледа поинаку од што замислувавте дека треба да изгледа е само една од работите кои ќе ги научите кога конечно ќе бидете во добра и квалитетна врска.

Работите во љубовта не се такви како што очекуваме дека ќе бидат.

Работи кои ќе ги научите кога конечно ќе бидете во квалитетна врска:

- Ако некој сака да биде со вас, ќе биде.

- Ако некој не сака да биде со вас, ќе ве тестира постојано и ќе смислува глупави изговори зошто не може да биде со вас.

- Никогаш не е вистинското време сè додека не ја запознете вистинската личност.

- Кога ќе ја сретнете вистинската личност нешто однатре ќе ве натера комплетно да ѝ се посветите на врската.

- Романса е лесно да најдете, тешко е партнерот да ви стане и најдобар пријател, а токму тоа е тајната на долгите врски.

ljubovta-ne-e-dovolna-15-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-konechno-kje-bidete-vo-kvalitetna-vrska-02.jpg

- Не мора да бидете помалку тоа што сте за да бидете со некој друг.

- Всушност, најдобрата работа во квалитетната врска е што ве прави посамоуверени, поинспирирани и посигурни во себе од кога било.

- Но, исто така квалитетната врска ве прави поемотивни, тогаш им дозволувате на емоциите да излезат од вас.

- Ќе сфатите дека „Љубовта е доволна“ не е добар совет, туку потребна е волја, посветеност, компатибилност и желба за да издржите во добро и во зло.

- Љубовта нема да дојде тогаш кога вие мислите дека треба да дојде.

- Љубовта ќе изгледа поинаку од што замислувавте дека треба да изгледа.

ljubovta-ne-e-dovolna-15-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-konechno-kje-bidete-vo-kvalitetna-vrska-03.jpg

- Другата личност нема да ве спаси, но нејзината љубов ќе направи да се чувствувате доволно силни за да се спасите самите себеси.

- Вистинскиот партнер ќе се почитува доволно себеси за да бара почит од вас.

- „Засекогаш“ се гради на милион „сега“, на врската мора да се работи постојано и можно е на прв поглед за некого да не сте свесни дека ви е суден.

- Сродна душа не се бара и пронаоѓа, сродна душа ќе ви стане некој кој можеби и не ви изгледа како сродна душа на прв поглед, но со кој сте подготвени да ја градите врската од соништата.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg