Авантуристи, „воркохолици“ – Кои видови луѓе „бегаат“ од брак и избираат да останат сингл?

Луѓето што не сакаат деца

Некои луѓе, едноставно, не сакаат деца. Децата ги нервираат, им пречат, не мислат дека бебињата се слатки и немаат желба да имаат свои деца. А, од друга страна, пак, некои луѓе стапуваат во брак само за да имаат деца.

Затоа, ако некој воопшто не сака да има деца, според некоја логика смета дека воопшто не треба да стапи во брак.

Некои луѓе едноставно сакаат да бидат забавната „тетка“ или „чичко“ без да имаат одговорности да ги воспитуваат децата. Тука се да си поиграат со децата, а потоа да ги испратат дома и да уживаат во тоа што се сингл.

Avanturisti-vorkoholici-koi-sedum-tipa-na-lugje-izbiraat-da-ostanat-singl-i-begaat-od-brak-05.jpg

Луѓето што не сакаат никому да му полагаат сметка

За хармоничен брак потребна е комуникација и несебичност. Со текот на времето, и двајцата партнери учат како да прават компромиси за доброто на сите.

Оние што се мошне независни и се посветени на својот начин на живот не функционираат добро со партнери. Ова се луѓето на кои слободата им е потребна за да „дишат“ и презираат да имаат некого што ќе им кажува што треба да прават.

Доколку веруваат дека партнерот би можел да ги спречи слободно да го живеат животот, тие најверојатно ќе изберат да бидат сингл.

Avanturisti-vorkoholici-koi-sedum-tipa-na-lugje-izbiraat-da-ostanat-singl-i-begaat-od-brak-06.jpg

Луѓето што не сакаат да се врзат

Постојат луѓе што не веруваат во моногамија. Тие сакаат постојано да бидат со различни луѓе и не сакаат да се врзат за една личност.

За нив е важно постојано да имаат нов партнер во животот. Освен ако не се договорите да имате отворена врска, врската со таквите луѓе може да очекувате дека ќе биде исполнета со неверства и еден од вас ќе биде повреден.

Ваквите луѓе одлучуваат да останат сами за доброто на партнерот што би можел да биде со нив.

Avanturisti-vorkoholici-koi-sedum-tipa-na-lugje-izbiraat-da-ostanat-singl-i-begaat-od-brak-07.jpg

Кариерата им е сè во животот

Постојат луѓе кои толку многу си ја сакаат кариерата, што не можат да се фокусираат на ништо друго. Тие никогаш не би можеле да прифатат да имаат партнер што би ги ограничувал да напредуваат на кариерен план.

Освен ако еден од двајцата партнери не одлучи да се „жртвува“ како што спомнавме погоре, тие нема да бидат среќни со некој што ќе ги кочи и којшто ќе им биде товар.

Avanturisti-vorkoholici-koi-sedum-tipa-na-lugje-izbiraat-da-ostanat-singl-i-begaat-od-brak-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ Фото: Freepik/Pixabay



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg