Авантуристи, „воркохолици“ – Кои видови луѓе „бегаат“ од брак и избираат да останат сингл?
За некои, бракот е само парче хартија, а некои се авантуристи кои сакаат да патуваат и сметаат дека ако се во брак, ова ќе биде невозможно.
Бракот и децата по некое непишано правило станаа норма во општеството, но тоа не значи дека сите луѓе се подеднакво предодредени за тоа.
Има неколку видови луѓе кои се многу посреќни кога се „сингл“ и што не сакаат да помислат да стапат во брак.
Кои се тие?
Оние што веруваат дека бракот е само парче хартија
Постојат голем број луѓе што не веруваат во институцијата брак. За нив, бракот е само парче хартија.
Тие не посакуваат раскошна церемонија, туку сакаат само да живеат заедно со нивниот партнер, додека нивната заедница нема некое официјално име.
Во тој случај може да останат со истиот партнер и повеќе години, па и целиот живот. За некои од нив е важно да знаат дека секогаш имаат излез и дека можат да си заминат кога сакаат.
Но, не мора да значи дека ќе го направат тоа – напротив, дел од нив остануваат во заедница со истиот партнер до крајот на животот.
Мажи или жени кои не сакаат да бидат „домаќини“
Со години наназад, вообичаено било мажот да работи, а жената да чисти, да готви, па и да му подава домашни влечки на сопругот кога си доаѓа од работа. Овие жени биле пожртвувани партнери без сопствени соништа за кариера.
Денес, нештата во голема мера се променети. На работа одат и двајцата партнери и се мошне посветени на сопствените кариери.
Кај овие луѓе постојат повеќе причини зошто не сакаат да стапат во брак. На пример, можеби партнерот има поважно работно место.
Во тој случај тие не сакаат да ја „стават“ сопствената кариера на пауза за да ѝ дадат предност на кариерата на партнерот. Не сакаат да ја жртвуваат сопствената кариера и да му бидат на услуга на партнерот.
Не сакаат да бидат домаќини во домот што подготвуваат ручек, чистат и се грижат за децата по цел ден за нивниот партнер да може да се фокусира на работата.
Па така, овие луѓе најчесто избираат да останат „сингл“ за да не мора да ги жртвуваат сопствените соништа за оние на партнерот.
Авантуристи и светски патници
Тешко е да го пропатувате светот и да одите во нови авантури ако имате партнер и деца дома. Вашиот партнер може да биде некој што сака да седи постојано дома и не сака да излегува, па не му се допаѓа ниту тоа што вие постојано излегувате.
Доколку имате деца, може да биде уште потешко да „побегнете“ – затоа што децата имаат обврски во училиште и треба да се прилагодувате на нивните активности.
А, оние што патувале со бебе или со мало дете знаат колку работи треба да спакуваат за детето. Навистина е исцрпувачко!
Има луѓе што се обиделе да го направат тоа - да ги носат семејствата во авантури, но за тоа во главно треба да сте мошне организирани, флексибилни и, секако, да бидете доста посветени.
Да, не е лесно, но не е ниту неизводливо, нели?
Со други зборови, не можете да си дозволите веднаш штом ќе помислите, да се качите во авион и да заминете на патување доколку имате семејство.
Но, ако сте сингл, тоа значи дека можете да правите сè што сакате, кога ќе посакате. Токму затоа некои луѓе не сакаат да се откажат од ваквиот тип на слобода и избираат да останат сингл.