„Работев како професионална деверица 125 пати – од клиентите научив лекции кои ми помогнаа да најдам љубов“

Џен Гланц е професионална деверица што го води сопствениот бизнис Bridesmade for hire. Како што вели досега била дел од повеќе од 125 свадби, а попатно научила и многу работи за љубовта. Таа минатата година се омажи за своето момче Адам Кософ и тоа на четвртата годишнина од денот кога за првпат се сретнале.

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-01.jpg

Таа во минатото говореше дека долго време не била во сериозна врска и дека тоа била една од причините зошто го започнала својот бизнис.

Сега, откако е во брак, за Insider Џен ги открива тајните за добра врска што ги научила од сопствените клиенти.

Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:

Сум ги прочитала речиси сите книги за помош во врските, ги изгледав сите познати романтични комедии, па дури и ангажирав и стројничка, но ништо од тоа не ме научи толку многу за љубовта и за врските како тоа што бев деверуша.

Го почнав мојот бизнис Bridesmade for hire во 2014-тата и оттогаш стотици странци од сите страни во светот ми платиле да се појавам на нивната свадба, да облечам униформиран фустан и да им помогнам да го поминат големиот ден.

Како некој што беше постојано сингл во најголемиот дел од 20-тите години, сето она што го знам за запознавањето, за градењето цврсти врски и за тоа како е да се биде лудо вљубена, го научив од моите клиенти. Исто така научив и што не треба да правам кога барам љубов.

Откако работев речиси седум години, ова се најдобрите љубовни лекции што ги научив:

Барањето и наоѓањето љубов може да бидат како игра

Едно од првите и моите омилени прашања што им ги поставувам на невестите е како ги запознале нивните свршеници.
Сум слушнала толку многу различни одговори од лични среќавања во кафулиња и книжарници, до запознавања преку пријатели и соработници или апликации за состанување (најчестиот одговор).

Сепак еден одговор од една невеста отскокнуваше и ми го промени погледот на запознавањето.

Таа рече дека го третирала запознавањето како игра со броеви. Била на колку може повеќе први состаноци, знаејќи дека со колку повеќе мажи ќе се сретне на чаша вино или на кафе, толку поблиску ќе стигне до тоа да запознае некого што навистина ќе ѝ се допаѓа. Ѝ биле потребни седум први состаноци за да ја најде личноста со којашто се омажи.

Оваа лекција ме научи дека не е лесно да се најде љубов. Ако тоа е нешто што го сакате мора да се изложите себеси и да ги третирате првите состаноци како пред-интервју за вработување. Ако сè е во ред, закажете втор состанок.

Го следев советот на оваа невеста и отидов на 15 први состаноци во еден месец. Мојот сопруг го сретнав на 15-иот состанок.

Не можеш да судиш за некоја врска од надвор

Работев за најразлични двојки. Едно од најпопуларните прашања што луѓето ми го поставуваат кога ќе кажам дека работам како професионална деверуша е дали можам да предвидам дали некоја врска ќе трае или не.
Вистината е дека не можам, ниту пак некој друг може.

Не можете во целост да процените некоја врска однадвор. Дури и ако видам некоја двојка што изгледа како да немаат ништо заедничко, јас гледам само дел од нивната врска па не е возможно да знам дали тие се еден за друг.

Имаше многу двојки за кои сум мислела дека нема да ја прослават првата годишнина од бракот, но шест години подоцна тие сè уште се среќни и вљубени. Од друга страна некои од двојките што мислев дека ќе остарат заедно се разведоа по една година.
Никој не може да знае колку силна и издржлива е нечија врска или љубов.

Двоумењето не е секогаш лошо кога станува збор за врските

Уште на почетокот научив нешто што голем дел од луѓето го сметаат за табу во свадбите: реално е да ве фати паника и се случува многу почесто отколку што може да си замислите.

Имав невести што биле со различни степени на паника. Некои луѓе ме ангажирале да им помогнам да ја прекинат нивната свршувачка, други не биле сигурни дека нивниот свршеник е „вистинскиот“, а неколку сакаа како Џулија Робертс да бидат невести бегалки.

Никогаш не осудувам некого што се двоуми за својата врска затоа што научив дека љубовта е многу поразлична од она што го гледаме во романтичните комедии. Може да биде неуредна, невообичаена и несовршена.

Сега кога се двоумам за љубовта или за мојата врска не паничам и не ги потиснувам тие чувства. Наместо да го правам тоа, наоѓам некого што му верувам (психијатар или советник) да разговарам или барам простор за сама да ги процесирам чувствата.

Зборот „љубов“ нема исто значење за сите

Нешто за што не размислував пред да почнам да работам како професионална деверуша е дека луѓето стапуваат во брак поради различни причини и дека постојат голем број дефиниции за љубов.
Кога ќе ги прашав моите клиенти како знаеле дека тоа е вистинската личност за нив, сите ми даваа различни одговори.

Некои невести велеа дека ги сакаат и ќе се омажат за нивните свршеници затоа што во целост им веруваат или затоа што се чувствуваат комотно и можат да бидат свои во нивна близина, а други велеа дека едноставно сакаат да се „скрасат“ или бараат финансиска стабилност.

Кога луѓето велат дека се вљубени тоа може да значи многу различни нешта. Луѓето ја дефинираат љубовта на единствен начин што можеби ќе нема смисла за никој друг, но има некоја убавина и во тоа.

Љубовта не е секогаш прав пат и не мора да следите одредена патека за да стасате до неа

Мојата патека не изгледаше исто како онаа на невестите за коишто работев. Интересно ми е тоа колку долго двојките биле заедно пред да направат свршувачка затоа што секогаш е различно.

Работев со една двојка што се познаваа само две недели и друга двојка што се познаваа 10 години. Едната двојка дури беше свршена пред пет години, раскинале, а потоа пак беа свршени по вторпат.

Ова ме натера да увидам дека љубовта не е секогаш линеарна и дека не постои совршена временска рамка до којашто треба да се држите.

Слушнав голем број луѓе што се надеваат дека ќе сретнат некого, ќе се гледаат една година, ќе се свршат и ќе стапат во брак пред да прослават две години од врската. Но, тоа не е единствениот пат до брак и ако заборавите на таа идеална слика ќе отворите повеќе можности за љубов и среќа.

Без разлика кога и како ќе се случи, љубовта не треба да се зема „здраво за готово“

Омилен дел од секоја свадба ми е церемонијата затоа што сакам да ги слушам двојките како ги читаат своите завети.
Тоа е емотивно потсетување дека многу нешта треба да се направат правилно за една врска да трае и да функционира.

Често го земаме „здраво за готово“ тоа дека сме ги нашле нашите партнери и дека сме се вљубиле во нив, но тоа е нешто што треба да го негува. Се обидувам да запомнам дека улога има и среќата за тоа да се судриме со личноста со којашто сакаме да го поминеме животот заедно.

Во продолжение повеќе фотографии од свадбата на Џен:

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-02.jpg

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-03.jpg

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-04.jpg

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-05.jpg

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-06.jpg

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-07.jpg

Taa-bila-profesionalna-deverusha-125-pati-sest-lekcii-shto-gi-nauchiv-od-klientite-i-koi-mi pomognaa-da-najdam-ljubov-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg