10 знаци дека се гледате со маж кој хронично се плаши од врска
Ако запознаете маж кој зад себе има само кратки врски, избегнува да разговара за вашиот однос и не ви го цени време, веројатно не е паметен избор за заедничка иднина.
Како да го препознаете мажот кој хронично се плаши од врзување?
1. Има долга листа на кратки врски
Таа листа на кратки и интензивни врски е без објаснување, а најчесто се користат изговорите од типот: не сум ја нашол вистинската, имам многу работа, не бев подготвен да се смирам...
2. Упорен е додека не ве освои
Овој тип на човек нема да се смири додека не ве освои, за потоа малку да ја залади заинтересираноста.
3. Брзо му досадуваат работите
Ако чувствувате дека одеднаш се повлекува, откако ќе се видите неколкупати, најдобро е да го прифатите затишјето.
4. Превртлив е
Ако еден ден ве обожава, а веќе следниот не се јавува на телефон, проследено со изговори кои сте ги слушнале стопати – јасно е.
5. Не го цени вашето време и вашите желби
Мажите кои се плашат да се врзат никогаш нема да ви го почитуваат распоредот на обврски и желби.
6. Сака врска на далечина
Ова е нивната идеална околност во која нема да треба да се правдаат, но со задни намери.
7. Избегнува да разговара за вашиот однос
Ако и после неколку месеци ве убедува дека нема потреба да разговарате за вашиот однос, треба да се запрашате.
8. Шампион е во пронаоѓање изговори
Кога ќе се соочите со него, креативноста на изговорите нема граници...
9. Не е суптилен во одмерувањето на жените
Вистина е дека на ниту еден маж не можете, а и не треба да му ги затворите очите, но несуптилното зјапање во други жени додека е со вас е сериозно непочитување.
10. Ви набива чувство на вина
Кога нема да го исполните невозможното, секогаш вие сте виновни и имате милион маани? Запаметете дека тоа во нормалните односи не би требало да постои.
М. Д. | Црнобело