Секој разговор ви одзема многу енергија и уште 6 знаци дека треба да ја прекинете врската
Кога се сеќавате на убави работи од врската, тоа секогаш е во далечно минато.
Eдна од најтешките работи во животот е да соберете храброст да излезете од врска која не функционира и во која не сте среќни.
Сепак, за ваше добро ако гледате сигнали дека е време за тоа, тогаш треба задолжително да соберете храброст и да ѝ кажете збогум на оваа личност.
Знаци дека треба да ѝ ставите крај на врската:
- Кога се сеќавате на убави работи од врската, тоа секогаш е во далечно минато.
- Постојано се карате и и најмалата ситница кај вас е причина за експлозија од негативна енергија.
- Чувствувате дека секој разговор со партнерот ви одзема премногу енергија.
- Сѐ друго ви е поважно од тоа да минете време со партнерот.
- Го спречувате својот развој и напредок за да останете истата личност која сте биле на почетокот од врската и во која се вљубил тој.
- Разговорите ви се преполни со непријатни паузи, немате заеднички теми за разговор.
- Чувствувате дека повеќе не делите исти гледишта, цели и желби за иднината.
С. С. | Црнобело