Бегајте од него! 8 знаци во сексот дека тој не ве почитува
Саркастично го коментира вашето тело, ви го критикува задникот, ви ги исмејува стриите и целулитот и заборава дека не постојат идеални луѓе, како што не е ниту тој самиот.
Во врската често има предупредувачки знаци дека тој не е вистинскиот за вас, но дали знаете дека такви црвени сигнали постојат и во сексот.
На што треба да внимавате? Кои неговите потези се доказ дека не ве почитува?
Знаци во сексот дека тој не ве почитува:
- Ги исмејува вашите фантазии кога вие конечно ќе почнете да му верувате и ќе се отворите пред него.
- Не размислува за вашето задоволство и не ве прашува што сакате, а што не сакате.
- Саркастично го коментира вашето тело, ви го критикува задникот, ви ги исмејува стриите и целулитот и заборава дека не постојат идеални луѓе, како што не е ниту тој самиот.
- Се навредува ако му го кажете своето мислење дека нешто не прави како што треба во креветот.
- Ве тера да правите работи кои не сакате да ги правите.
- Постојано ви споменува како сексот со поранешните девојки му бил подобар.
- Одбива да користите кондоми, иако вие сакате, и не се грижи за вашето здравје.
- Немате исто либидо и ве присилува постојано да имате секс според неговото темпо и желби.
С. С. | Црнобело