10 работи кои зрелата жена не ги дозволува во брак
Речиси во секое дело, хероината се заљубува во лошо момче, оној кој не ја почитува, но на крајот успева да се претвори во принц.
Меѓутоа, реалноста е далеку поинаква и лошиот маж од почетокот на приказната никогаш се се претвора во принц, а уште помалку во достоен сопруг.
Тоа го знаат зрелите жени, па во бракот од старт не ги дозволуваат 10-те клучни работи:
1. Никогаш не одат на натпревари (во случај да не ги сакаат), ако тоа вистински не го сакаат. Не посетуваат места на кои не им е пријатно, само по цена да му удоволат на партнерот. Тие знаат дека е сосема во ред ако сопругот оди и прави работи без сопругата, без да ја ставаат верноста под знак прашалник.
2. Никогаш не чекаат сопругот да ги забавува и да им го организираат времето, денот... Точно си ги знаат потребите и обврските, па само наоѓаат начин како да ги вклопат.
3. Не простуваат игнорирање. Сосема е нормално сопругот да се сети и да посвети внимание на роденденот или годишнината.
4. Никогаш не молчат за она што не им одговара. Работите ги кажуваат со многу внимателност, но не ги премолчуваат.
5. Не го оправдуваат мажот кој ја повредува жената на кој било начин.
6. Не се плашат од директни прашања. Тие веќе ги расчистиле важните теми пред бракот.
7. Зрелата жена никогаш не влегува, ниту останува во брак кој ја гуши, покрај мажот кој не ѝ дозволува да просперира.
8. Не толерираат болна љубомора.
9. Зрелите жени сфаќаат дека за бракот е важна љубовта, но и сексот не би требало да изостане.
10. Зрелите жени никогаш нема физички да се променат за да се вклопат во стандардите на мажот.
М. Д. | Црнобело