Гледа во очи, ги сака сите пози: 8 работи кои ги прави самоуверената девојка во кревет
Го гледа партнерот директно во очи и со тоа додава страст во овој интимен чин. Не ги избегнува позите во кои телото ѝ се гледа комплетно.
И додека некои жени бираат долна облека за секс со денови, ги вежбаат движењата и се подготвуваат долго за секс и на крај повторно нема да бидат задоволни од резултатот, самоуверените девојки само се препуштаат на чинот и имаат мигови за паметење.
Работи кои ги прави самоуверената девојка во кревет:
- Го гледа партнерот директно во очи и со тоа додава страст во овој интимен чин.
- Си се смее на себе кога ќе направи нешто од типот да се заглави во чаршафите или да падне при некоја секс поза.
- Предлага нови идеи, од типот на места за секс, пози или пак користење на секс играчки, ги сака сите пози и сака промени.
- Се самозадоволува, го знае своето тело и своите потреби, па не ѝ е тешко да му покаже на партнерот што сака и што очекува од него.
- Не се плаши да пушти музика и да игра стриптиз пред својот партнер или пак да му каже дека сака да играат улоги.
- Го цени партнерот и му кажува убави зборови често со тивок шепот на увото околу тоа што направил правилно и што ѝ се допаднало при сексот.
- Не е тивка при сексот, испушта звуци на возбуда и го охрабрува и партнерот да го стори истото.
- Не ги избегнува позите во кои телото ѝ се гледа комплетно и не се срами да го гледа телото на партнерот и да покаже дека ужива во него.
- Се смее, ужива во сексот и не се срами да покаже дека си поминува убаво.
С. С. | Црнобело