Жени откриваат: „Моментот кога бев сигурна дека ме изневерува“
Никој не сака да биде параноичен, но секоја промена во однесувањето на партнерот се забележува.
Иако сите велат дека партнерот последен дознава за неверството на саканиот/саканата, сепак во одредени случаи „јасно е како ден.“
Неколку жени споделуваат како изгледал моментот кога знаеле дека мажот има друга:
„Моментот кога знаев дека нешто не е во ред беше на роденденот на нашата ќерка. Цело време на роденденот беше седнат во ќошот од собата со својот телефон во раката. Татко ми ми се приближи и ми рече – ослободи се од него.“
„И претходно се сомневав, но знаев дека е вистина во моментот кога ми рече дека сум луда бидејќи сум го изразувала своето незадоволство за блискиот однос со колешката од канцеларија. Се допишуваа по цели денови и ноќи и не се ни трудеше да го скрие тоа.“
„Сфатив откако најдов извештај од картичката, за трошоци во некој хотел. Оправдувањето беше дека ја позајмил картичката на пријател, кој потоа му вратил кеш и никогаш не го прашал зошто му требала.“
„Сфатив во моментот кога го седнав и иницирав разговор за бракот, за моите сомнежи и како можеме да си го поправиме односот. Рече дека сум луда, стана и си замина.“
„За мене, беше многу едноставно, но стресно – најдов голи фотки на компјутерот кои автоматски се сочувувале при разговорите. До ден-денес тврди дека било само интернет афера, во што не верувам.“
„Ме обвини дека му го проверувам мобилниот телефон. Во моментот тоа не беше вистина, но ми даде причина да се сомневам. По неколку дена вистински му го земав телефонот и имав што да видам.“
М. Д. | Црнобело