„Ме одби првиот пат кога ја запросив, сега таа нека клекне на колена и нека ме запроси мене“
„Го направив тоа дома, затоа што ми имаше кажано дека не сака јавно запросување. Се обидов да биде специјално, но нејзиниот одговор беше дека ме сака и сака да се омажи за мене еден ден, но не е подготвена на тој чекор сега...“
Момче од Велика Британија кое ја запросило својата девојка и било одбиено се жали на Reddit и бара помош.
Неговата приказна:
„Не сакам да бидам оној кој ќе запросува вторпат, откако првото запросување ми беше одбиено.
Јас (28 години) неодамна ја запросив мојата девојка (30 години).
Го направив тоа дома, затоа што ми имаше кажано дека не сака јавно запросување. Се обидов да биде специјално. Направив оброк комплетно сам и потоа го поставив прашањето.
Да ја скратам приказната, нејзиниот одговор беше дека ме сака и сака да се омажи за мене еден ден, но не е подготвена на тој чекор сега. Ѝ кажав дека може да почекаме извесен период пред да се венчаме, но таа сепак не сакаше да се свршиме.
Прво и најважно сакам да кажам дека го почитувам тоа. Немам проблем со тоа што не е подготвена иако бев разочаран во моментот, не сум вознемирен во врска со тоа.
Како и да е, пред неколку дена таа ми спомена нешто околу тоа да ја запросам повторно во иднина. Ѝ кажав дека мислам дека таа треба да ме запроси. Всушност, мојата поента е дека јас веќе ја прашав, таа знае дека сум подготвен, моите карти се отворени на масата. Исто така, јас веќе испланирав и изведов запросување. Вложив многу напор за тој миг да го направам емотивен и сметам дека нема потреба повторно да го копирам тој момент.
Таа не се согласува со мене и мисли дека ја казнувам.
Ова внесува немир меѓу нас и нѐ разделува. Имате ли некој совет?“