„Само сакав да легнам да спијам“: Искрени исповеди на мажи зошто одглумиле оргазам
„Кога бевме во „кучешката поза“ ѝ кажав дека сум доживеал оргазам и директно отидов во тушот да се средам, пред да сфати дека кондомот е празен...“
Најчесто се говори дека жените имаат навика понекогаш да одглумат оргазам, но дали знаете дека во ретки пригоди и мажите го прават тоа?
Но, зошто?
Мажи со искрени исповеди на тема зошто одглумиле оргазам:
„Бев нервозен затоа што таа беше многу убава и поради стресот не можев да доживеам оргазам. Затоа кога бевме во кучешката поза ѝ кажав дека сум доживеал оргазам и директно отидов во тушот да се средам, пред да сфати дека кондомот е празен.“
„Кај мене изборот е или да доживеам оргазам по 5 минути секс или да го пролонгирам оргазмот за подолго да трае акцијата, но потоа всушност да не можам да доживеам оргазам, едноставно таков сум. Тоа е моја лична тешкотија, не на девојките, па затоа некогаш морам да глумам.“
„Сексот траеше предолго, кондомот се исуши и бев загрижен за некои други работи од мојот живот, па одглумив. Но кога имате секс со кондом полесно е да го прикриете тоа.“
„Бев многу уморен и само сакав да завршиме за да спијам, па не сакав да ѝ го расипам крајот од чинот.“
„Пиевме алкохол пред тоа, па знаев дека нема да успеам да постигнам оргазам, застенкав и одглумив само за да си легнам да спијам.“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com