„Го уапсија бидејќи се допишувал со малолетничка“ – Жени споделуваат како откриле за неверството на сопругот

Неверството е едно од најлошите нешта што може да ви се случи во врската или бракот и сигурно ќе ве повреди многу, но, за жал, многу луѓе сепак го прават тоа, а некои и го простуваат.

go-uapsija-bidejkji-se-dopishuval-so-maloletnichka-zheni-spodeluvaat-kako-otkrile-za-neverstvoto-na-soprugot-01.jpg

Нештата се уште полоши ако парот има и деца, кои сигурно ќе се најдат во средината на целата ситуација.

Обично луѓето не се ни сомневаат дека партнерот ги изневерува, па може да биде вистински шок кога случајно ќе видат некоја порака или слично што алудира на тоа.

За BuzzFeed, неколку жени решиле да ја споделат нивната приказна за неверството на поранешниот сопруг:

„Мојот поранешен сопруг има епилепсија. Една вечер имаше напад и беше многу дезориентиран. Пред да заспие, откако му ги дадов лековите и го средив, тој го фати телефонот, напиша нешто набрзина, па го фрли зад него.

Телефонот падна пред мене и тогаш видов дека ѝ напишал ’Те сакам‘ на љубовницата. Следната недела ќе се финализира нашиот развод“.

„Свекрвата ми кажа дека сопругот ме изневерува и дека знаеле буквално сите, освен јас! Тој беше на ’деловно‘ патување со љубовницата, а јас, пак, бев со свекрвата да го видиме нејзиниот нов дом. Тогаш, бидејќи не можела да поднесе да ја чува тајната ми кажа. Сега сум среќно разведена 10 години!“

„Кога сфатив дека сопругот ме изневерува, тој веќе две години го правел тоа. На социјалните мрежи се претставуваше како сингл татко, кој живее сам во куќата што ја купив јас.

Дознав дека има љубовница кога случајно го остави телефонот да се полни во кујната. Додека готвев, му стигна порака од непознат број која гласеше ’И јас те сакам‘. Нормално, веднаш му го проверив телефонот и прочитав сè, а потоа му кажав“.

go-uapsija-bidejkji-se-dopishuval-so-maloletnichka-zheni-spodeluvaat-kako-otkrile-za-neverstvoto-na-soprugot-04.jpg

„Постојано излегуваше бидејќи имал нешто работа, и секогаш му верував. Една вечер беше истата ситуација, но по грешка го зеде мојот телефон наместо неговиот. Тогаш му стигна порака ’Ти дозволи сопругата да излезеш?‘, а јас ѝ вратив.

Ѝ напишав дека оди накај неа, но ако сака да му каже дека по грешка го зел мојот телефон. Кога тој се врати дома ми измисли смешна приказна за целата ситуација, но беше доволно глупав да ги остави сите голи фотографии што му ги праќала“.

„Неговиот дедо имаше деменција, па се вселивме кај него за да му помагаме. Тогаш сопругот немаше работа, но секој ден излегуваше со актовка. Еднаш му најдов кондоми во актовката, а до денес одбива да признае дека ме изневерувал. Дури и ми кажа дека кондомите биле на дедо му! Сега сме разведени и не зборуваме за тоа“.

„Љубовницата на сопругот всушност ѝ била колешка на една моја пријателка. Додека биле на работа, таа почнала да се фали со нејзиното ново момче (мојот сопруг), па замислете што помислила пријателката кога сфатила кој е. До денес сум ѝ благодарна што веднаш ми кажа“.

go-uapsija-bidejkji-se-dopishuval-so-maloletnichka-zheni-spodeluvaat-kako-otkrile-za-neverstvoto-na-soprugot-03.jpg

„Сопругот се однесуваше чудно извесен период – излегуваше навечер, се задржуваше после работа и слично. Знаев дека се случува нешто, но немав цврст доказ. Тогаш се сетив да ја проверам сметката за телефон.

Имаше над 265 повици до некој број што не го знаев. Го пребарав во неговите контакти и открив дека станува збор за друга жена. Се разведовме, а подоцна дознав дека таа жена била само една од многуте“.

„Два дена бев во друг град за интервју на работа, а во меѓувреме сопругот си направил забава дома, што е сосема во ред. Но кога си дојдов, си играв со неговиот 4-годишен син од претходниот брак, кога му реков дека го сакам.

Тогаш детето ме праша дали го сакам како што го сака Џена. Кога го прашав која е Џена, детето ми кажа дека таа ја поминала ноќта кај нас и му рекла дека едвај чека да му биде мајка. Се разведов, но жал ми е што не го гледам неговото дете кое премногу го засакав“.

„Почувствував силна болка на долниот дел од стомакот и веднаш заминав на гинеколог. После прегледот ми кажа дека имам кламидија, а медицинската сестра ми рече дека веројатно треба да разговарам со сопругот за ова.

Кога му кажав, ми призна дека имал незаштитен секс со проститутка. Кламидијата се претвори во сериозен проблем и се плашев дека веќе не сум плодна. За среќа, имам друг прекрасен сопруг, со кого го очекуваме нашето прво дете“.

„Денот пред мојот 30-ти роденден, мојот поранешен сопруг беше уапсен бидејќи испраќал недолични фотографии на 14-годишно девојче. Го фатиле бидејќи девојчето всушност било агент кој работел на вакви случаи“.

go-uapsija-bidejkji-se-dopishuval-so-maloletnichka-zheni-spodeluvaat-kako-otkrile-za-neverstvoto-na-soprugot-02.jpg

„Ми притреба таблетот на сопругот, па го позајмив, но тогаш видов дека има инсталирано апликации за состанување, како Tinder. Почнав да истражувам и открив дека на овој начин се гледал со мажи. Не ми се веруваше што сè ми правел зад грб. Не можам да разберам зошто воопшто се венча со мене и ми го уништи животот“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg