Флерт и после раскинување?
Се случува да сте биле во врска со некого, а потоа сте решиле да прекинете. Тоа и сте го направиле. Само што таа личност не престанува да ве брка...
...па што повеќе вие бегате, тоа повеќе таа/тој трча по вас. Многумина не знаат што да прават во таква ситуација.
Она што не знаат или пак „забораваат“ е дека бегањето и бркањето е типична машко/женска игра. Скоро секому му ласка кога го бркаат, само што, кога ќе дојде до вистинско бркање, сфаќа дека тоа е заморно, дека води кон несоодветни ситуации и дека не е толку забавно како што изгледа во мечтите.
Тука се создаваат проблемите.
Во тоа уживање и несвесно праќате сигнали кон личноста што ве брка дека во некоја мерка тоа ви годи, па така таа, сосема нормално, ќе сфати дека сè уште има шанси кај вас (а можеби и навистина има, само што вие не сакате да си признаете себе си). Верувале или не, ова е многу чест случај – личноста што ја бркаат се буни, но тоа и годи без да е свесна. Секако, има и патолошки случаи, се случува нечија перцепција да е пореметена па гледа повик онаму каде што го нема, но таквите случаи се во многу мала мерка.
Што да се прави ако некој ве брка, а вие сте раскинале со него и верувате дека не сакате да бидете со таа личност?
Преиспитајте го своето однесување. Размислете што правите, за да тој/таа протолкува дека го/ја охрабрувате. Да речеме ако на таа личност и велите дека сакате да ве остави на мира, но тоа го правите со насмевка, без разлика зошто се смешкате, верувајте нема да ве сфатат сериозно.
Поздравувањето при поминување, насмевнување при тоа, било што испратено како пријателска порака може да биде разбрано како порака дека не е сè готово.
Во принцип, најважно е да расчистите сами со себе. Ако искрено сметате дека е готово и дека тука повеќе нема ништо, верувајте, тоа ќе се забележи и во вашето однесување и ќе ве остават на мира. А доколку мислите дека тука сепак би можело да има нешто, но под други услови, размислете кои се тие услови, дали реално има шанси да се остварат – и тргнете во акција.