Ве бара само навечер или кога е потпивнат: Знаци дека не треба да почнете врска
Во некои ситуации е повеќе од очигледно дека момчето со коешто се гледате ќе биде совршен партнер за сериозна врска, но некогаш неговото однесување може да ве натера да се сомневате.
За да се заштитите и да не бидете повредени, добро би било да обрнете внимание на некои работи пред да почнете сериозна врска со момчето со коешто се гледате.
Во продолжение можете да погледнете кои се предупредувачките знаци дека не треба да почнете врска со момчето што ви се допаѓа:
Не ви кажува дали има некоја друга
Кога сакате да почнете врска со личноста што ви се допаѓа, нормално дека ќе прашате дали се гледа со некој друг. Но ако момчето умешно го избегнува ова прашање или ве убедува дека неговата ситуација е „комплицирана“, голема е веројатноста дека се гледа и со друга девојка.
Постојано ги откажува плановите
Колку пати сте се подготвиле за излегување со ова момче, за на крај да ви откаже во последен момент? На сите ни се случува да ни се појават непланирани обврски и ако еднаш ви откажал, не е голем проблем. Но, ако ова се случува многу често, тогаш оваа личност воопшто не го цени вашето време ниту, пак, вас. Затоа, немојте да си го трошите времето со него.
Не сака да бидете пријатели на социјалните мрежи
Денес социјалните мрежи се важен дел од нашите животи, па ако момчето што ви се допаѓа ги користи, но не сака да биете онлајн пријатели, дефинитивно крие нешто.
Ве бара само навечер (или кога е пијан)
Ако навистина му се допаѓате на ова момче, нема да помислува на вас само навечер или кога му е здодевно. Ако сте забележале дека ви ѕвони и ви испраќа пораки само навечер или после излегување, не вреди си го трошите времето со него.
Ве крие од сите
Нормално е на почетокот, кога не сте сигурни дали ќе продолжите да се гледате со некоја личност, да не раскажувате на сите дека сте биле заедно неколкупати. Но, ако се гледате подолго, а оваа личност уште ве крие од пријателите, нешто сигурно не е во ред.
Дали избегнува да одите во ресторан или какво било јавно место и секогаш предлага да седите кај него или кај вас? Дали секогаш наоѓа изговор да не ги запознаете ни неговите најдобри пријатели? Ако одговорот е да, запрашајте се зошто е така.
Ви вели дека не е подготвен за врска
Ако оваа личност не сака да бидете заедно, тогаш зошто флертува со вас и ве бара? Иако е тешко да го прифатите ова, штом сте во ваква ситуација, најверојатно само ве користи. Ако вие сакате нешто сериозно но тој секогаш има изговор зошто да не почнете врска, време е да најдете некој друг.
Еден ден ве третира како кралица, а следниот заборава дека постоите
Дали се случило да излезете со оваа личност и да си поминете прекрасно, за следниот ден да не ви напише ниту една порака? Тогаш оваа личност дефинитивно не е заинтересирана за вас и немојте да се надевате дека тоа ќе се промени.
Спирова С. | Црнобело