„Го изневерувам сопругот затоа што одбива да ме задоволи со орален секс“
„Знам дека е погрешно, но со мојот љубовник го имам најдобриот секс во животот“, ја започнува својата исповед една мажена 43-годишна жена.
Споделуваме во целост исповед од анонимна жена што кружи на интернет:
„Седам и го чекам на шанкот во барот од хотелот каде вообичаено се среќаваме и се прашувам какви оргазми ќе ми приреди вечерва. Дали ќе биде нешто долго и тензично или нешто кратко и диво?
Кога доаѓа и одзади ми прошепотува „здраво“, посакувам да не го гледав само два пати месечно... Ах, само ако тој ми беше сопруг.
До неодамна, заветите дадени пред Бога ги сфаќав многу сериозно. Мојот сопруг го запознав на факултет. Немаше искри веднаш, но беше упорен и ме освои. Па, по некоја година кога ме запроси, без размислување кажав да.
Години подоцна имаме 2 деца и ужасно здодевен сексуален живот. Веќе на памет знам како ќе се одвиваат работите, нема ниту предигра, ниту експериментирање, ниту страст, а најстрашно од сѐ што никогаш не ме задоволува со орален секс.
Една ноќ му велам „Зошто не пробаш“, а тој ми одговори „Тоа е тешко за мене, не ми се допаѓа и те молам не ме прашувај повторно“... Па, таа ноќ сексот за него заврши со оргазам, а јас повторно си лежев незадоволена.
По неколку денови од оваа случка, во супермеркетот еден атрактивен маж ми се доближи и откако ја виде мојата бурма рече: „Благословен е мажот што ти ставил прстен на прстот“, а јас се сеќавам дека си помислив „Не верувам дека маж ми го сфаќа тоа“.
Но, тој краток разговор разбуди нешто во мене и таа ноќ симнав апликација за состанување надевајќи се дека ќе пронајдам некој.
Наскоро се поврзав со Џон (ќе го викам така). Изгледаше привлечно, фино и авантуристички, па по дискретно разменување пораки се сретнавме по две седмици.
Таа ноќ бев ужасно нервозна. Иако сум мажена жена, сѐ уште не сум многу искусна сексуално. Чувствував вина, но и возбуда дали таа ноќ ќе ги пробам работите кои не можам со сопругот. Мојот сопруг одби орален секс, но јас не сакам да го немам тоа искуство во животот, плус му кажав милион пати.
Па, го сторив тоа, го изневерив. Џон знаеше дека не сум искусила орален секс и таа вечер моето задоволство го стави во прв план. Искрено уживав како никогаш дотогаш.
Сега го гледам Џон одвреме навреме и си пишуваме пораки преку апликацијата за состанување.
Знам дека сега мислите „Зошто не го остави сопругот“, но едноставно е имаме деца и тие ми се приоритет, а мојот сопруг е одличен татко. Можеби е нереалистично да биде сè што очекувам да биде. И можеби е нереалиситично мојот сопруг да не очекува дека немам потреба од повеќе.“
Кое е вашето мислење на оваа тема?
С. С. | Црнобело