Жените кои често не можат да доживеат оргазам треба да знаат 9 работи
Најчестата грешка на жените е што се концентрираат на доживувањето на оргазам, а не на забавувањето при сексот.
Постојат лоши денови и ноќи кога едноставно не можете да постигнете оргазам. Огромен е процентот на жени кои се соочуваат со тоа многу често. Дефинитивно, не сте единствените...
Работи кои треба да ги запомнат жените коишто не можат секогаш да доживеат оргазам:
- Некои жени можат да постигнат оргазам кога мастурбираат, но не и кога се со партнерот.
- На оргазмот влијаат многу фактори и тоа психолошки, физички, емоционални и во поголемиот дел од случаите проблемот може да биде елиминиран.
- Најчестата грешка на жените е што се концентрираат на доживувањето на оргазам, а не на забавувањето при сексот.
- Сексот може да биде добар и без оргазам и да ви донесе уживање, но и здравствени придобивки.
- Дури 67% од жените признаваат дека глумат оргазам за да не ги повредат чувствата на партнерот, а всушност со тоа прават само лошо и тој не е свесен за ситуацијата.
- Комуникацијата со партнерот е клучна за решавање на проблемот, па мора да го водите партнерот за тоа што сакате, а што не во сексот и да му давате детални упатства.
- Често проблемот лежи во тоа што партнерот има погрешна идеја за тоа што сака жената, затоа што и претходната партнерка можеби глумела оргазам и не му посочила каде греши.
- Понекогаш намаленото либидо може да е резултат на земање на одредени лекарства и во таков случај треба да се консултирате со доктор.
- Треба да го „земете“ оргазмот во вашите раце, односно да не чекате да се случи самиот од себе, тоа е на некој начин вештина и треба да тестирате, да вежбате и да сфатите како функционира, но како што е нагласено погоре, да не се фокусирате исклучиво на тоа за време на сексот.
С. С. | Црнобело