Жените откриваат: Кои се најголемите грешки што ги прават мажите за време на секс?
Како и сè друго во животот, и сексот не е секогаш совршен – се случуваат незгоди, партнерите не можат да се усогласат, имаат различни очекувања од чинот… Но, токму поради ова најважни се искреноста и отвореноста помеѓу партнерите.
Обично мажите се поотворени за нивните желби во кревет, но и жените не треба да се плашат или да се срамат да кажат што им се допаѓа, а што не. Сепак, сексот е чин во кој треба да уживаат и двајцата партнери.
Можеби поради тоа, некој корисник на Reddit го поставил прашањето: „Жени, кои се најголемите грешки што ги прават мажите за време на секс?“, на кое добил илјадници одговори.
Па, кои се најголемите грешки на мажите и што мразат жените за време на секс?
„Кога ќе му кажам да продолжи бидејќи ми се допаѓа тоа што го прави, а тој одеднаш почнува да го менува темпото во побрзо или побавно“.
„Кога е премногу сериозен и не се насмевнува кога ќе се случи некоја смешна незгода“.
„Недостаток од комуникација. Можете да ги избегнете сите грешки на листава, и повторно да не ја задоволите партнерката. Не сите жени ги сакаат истите работи, па затоа разговарајте со вашата партнерка за тоа“.
„Кога партнерката ќе ви рече дека е пред оргазам, немојте да го забрзувате темпото! Туку, продолжете со тоа што сте го правеле“.
„Кога не сака да одвои ни малку време за прегратки после секс“.
„Морате да научите како да ги користи прстите. И, исечете ги ноктите. Не го притискајте клиторисот многу силно, бидејќи тоа предизвикува болка“.
„Мразам кога грубо ми го стимулира клиторисот“.
„Најмногу го мразам туркањето на главата кога партнерот сака орален секс. Нема потреба од тоа, ќе ти пружам орален секс кога ќе се чувствувам подготвена за тоа“.