Жените откриваат: Кои се најголемите грешки што ги прават мажите за време на секс?
„Мразам што многу мажи мислат дека за добар секс не треба предигра, а потоа се чудат зошто партнерката не доживеала оргазам“.
„Тоа што мажите со голем пенис забораваат дека можат да ни предизвикаат болка“.
„Често менување пози. За повеќето жени доволни се една-две пози и во тој случај не, нема да биде здодевно“.
„Тоа што мажите мислат дека жените во реалноста ги сакаат истите нешта како жените во порно филмовите – тоа се само актерки кои глумат“.
„Ве молам не заборавајте дека жените имаат гради. Барем малку допрете ги за време на секс“.
„Кога инсистираат да направам нешто што веќе сум кажала дека не им се допаѓа“.
„Мразам потполна тишина – воопшто не знам дали партнерот ужива или не“.
„Кога пробуваат да направат нешто што виделе во порно филм, наместо да ги следат сигналите и желбите на партнерката“.
„Мажите мораат да сфатат дека оргазмот не е целта. Ние сакаме да се забавуваме и дури и да не доживееме оргазам, нема да бидеме разочарани и ќе уживаме во сексот“.
Спирова С. | Црнобело