„Користам 2 презервативи истовремено за подобра заштита“ – 5 најчести заблуди за сексуално преносливите болести
Колку сме запознаени со нашето сексуално здравје и колку отворено зборуваме за тоа? Како да го заштитиме и кои се последиците од занемарувањето на сексуалното здравје врз нашата општа здравствена состојба?
И покрај модерното време и напредокот, сексуалното здравје сè уште се смета за табу-тема.
Време е да се промени тоа со разбивање на петте најчести заблуди односно митови во оваа насока:
1. Ако еднаш сум имал/а сексуално пренослива болест не можам да заболам повторно
Факт: Само некои сексуално преносливи болести оставаат траен имунитет и во тој случај оваа изјава е точна. Но, повеќето сексуално преносливи болести не создаваат имунитет. Затоа, во повеќето случаи, можно е повторно да се заразите со истата болест.
2. Користам 2 презервативи истовремено за додатна заштита
Факт: Двојниот кондом не обезбедува и двојна заштита. Кога користите два презервативи истовремено, постои поголема можност да пукнат поради триењето, што може да доведе до несакана бременост и пренесување на сексуално пренослива болест.
3. Можам да ги избегнам сексуално преносливите болести доколку практикувам орален и анален секс
Факт: Без оглед на видот на сексуалниот однос, било да е орален, анален или вагинален, лицето може да се зарази сосексуално преносливи болести.
4. Таблетите за контрацепција ме штитат од сексуално пренослива болест
Факт: Апчињата за контрацепција штитат од зачнување (бременост), но не и одсексуално преносливите болести. Нивната цел е да спречат несакана бременост и да ги регулираат хормоните, не и болестите.
5. По изгледот можат да препознаам која има сексуално пренослива болест
Факт: Сексуално преносливите болести често не предизвикуваат никакви симптоми, а заразените луѓе не изгледаат ниту се чувствуваат болни, па одговорното сексуално однесување е исклучително важно.
(О)Милена | Црнобело