Љубовни совети од пријателките кои не треба да ги слушате секогаш, низ илустрации

Сигурно сакате да разговарате со пријателките за љубовниот живот и сигурно тие секогаш сакаат да ви помогнат.

ljubovni-soveti-od-prijatelkite-koi-ne-treba-da-gi-slushate-sekogash-01.jpg

Но, иако се кажани со најдобра намера, понекогаш љубовните совети на пријателките не се најдобри.

Вашите пријателки не знаат што точно се случува во вашата врска, не го познаваат вашиот партнер исто добро колку и вие, па не можат да ви помогнат во донесувањето на големите одлуки. Истовремено, постојат работи кои треба да ги дискутирате и за кои треба да одлучувате само со партнерот.

Погледнете кои љубовни совети од пријателките не би требало да ги слушате:

Нема потреба да дискутирате со партнерот за проблемите – пријателките се овде за тоа

Во ред е да побарате совет од пријателките за врската, но немојте да ги криете проблемите од партнерот. Ако не му кажете што ви пречи и што сметате дека не е во ред, тој нема да ви ги прочита мислите и нема да се промени ништо.

ljubovni-soveti-od-prijatelkite-koi-ne-treba-da-gi-slushate-sekogash-02.jpg

Ако сакате внимание, направете го љубоморен

Ако го правите партнерот љубоморен, ова нема да ги засили неговите чувства кон вас, ниту пак секогаш мора да значи дека тој ќе ви обрнува повеќе внимание.

Всушност, можете да го добиете спротивниот резултат. Ако флертувате со други и правите што било за партнерот да се почувствува љубоморно, тој нема да ве опсипува со љубов и подароци, туку голема е веројатноста да „крене раце“ од вас.

Ако се двоумите дали да го направите партнерот љубоморен, помислете како би се чувствувале вие ако си ги смените улогите.

ljubovni-soveti-od-prijatelkite-koi-ne-treba-da-gi-slushate-sekogash-03.jpg

Мажот треба да ги плаќа сметките во ресторан

Некогаш луѓето можеби верувале во ова, но ако сакате еднаквост, не можете да очекувате партнерот да ви ги покрива трошоците.

Се разбира, едниот од партнерите секогаш ќе му помогне на другиот ако има проблеми со пари, но ако можете да платите и сами, правете го тоа.

Добро е секогаш да ги делите сметките, а одвреме-навреме понудете вие да платите за сè.

ljubovni-soveti-od-prijatelkite-koi-ne-treba-da-gi-slushate-sekogash-04.jpg

Подобро да имате лош дечко, отколку да бидете сами

Ако не сте среќни во врската поради која било причина, секогаш е подобро да ставите крај, отколку да трпите.

Нема ништо лошо во тоа да бидете сингл. Многу е полошо да бидете со партнер кој не го сакате или кој ве малтретира, отколку цел живот да бидете сингл.

Штом ќе сфатите дека таа личност не е за вас, немојте да се двоумите дали да ѝ ставите крај на врската.

ljubovni-soveti-od-prijatelkite-koi-ne-treba-da-gi-slushate-sekogash-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg