Љубовни совети од пријателките кои не треба да ги слушате секогаш, низ илустрации
Ако долго сте заедно и не ве побарал за жена, поставете му ултиматум
Тоа што партнерот не ве запросил и после 4-5 години заедно не значи дека не ве сака. Денес некои луѓе не придаваат големо значење на бракот и тој не би требало да биде пресуден за врската ако сè друго е во ред.
Можеби партнерот не е подготвен за брак, но штом е со вас и ви оди добро, веројатно сака да го поминете животот заедно, без разлика дали ве побарал за жена или не.
Ако толку ви пречи, подобро е да разговарате отворено на темата, отколку да го уцените и да му создадете одбивност кон моментот на запросување. Доволно е да разговарате еднаш и потоа да не форсирате, да оставите сам да го посака тоа.
Мора да ви купува скапи подароци
Немојте да ги вреднувате подароците на партнерот според нивната цена. Важно е да го цените самиот гест и фактот дека партнерот помислил на вас и одвоил време за да најде подарок.
Ако, пак, партнерот нема навика да ви купува подароци, не значи дека не се грижи за вас. Едноставно, веројатно тој можеби не им придава големо значење на подароците или пораснал во околина каде што подароците биле реткост.
Не почнувајте врска со помлад маж
Ако вам не ви пречи тоа што партнерот е помлад, пријателките не се тие кои треба да одлучат. Ако партнерот е зрел, ве сака, ве цени, се грижи за вас … што е важно дали е неколку години постар или помлад?
Штом и двајцата се забавувате и уживате, годините не треба да претставуваат проблем.
Морате целото слободно време да го минувате заедно, да не почне сам да излегува
Кога сте во сериозна врска, важно е да останете свои. Односно, да наоѓате време за работи што ви годат само вам. Ако вие сакате да одите во шопинг, а партнерот сака да гледа фудбал, секој нека си го прави своето.
Нема потреба секој слободен миг да бидете заедно, бидејќи ова може да има и лошо влијание врз вашиот однос. Како за сè во животот, и во овој случај важна е рамнотежата.
Спирова С. | Црнобело