7 знаци дека сте лош партнер, дури и кога не ви изгледа така

Кога сте во врска, многу е лесно воопшто да не го воочите вашето лошо однесување ако партнерот не ви каже за тоа.

7-znaci-deka-ste-losh-partner-duri-i-koga-ne-vi-izgleda-taka-01.jpg

Најверојатно, партнерот се обидува да избегне конфликт, но лошите постапки сигурно ве оддалечуваат од него. А, за да го промените лошото однесување, мора прво да станете свесни за него.

Затоа, погледнете кои се знаците дека сте лош партнер и обидете се да го промените тоа:

Постојано ги нагласувате грешките на партнерот

Во секоја врска, луѓето имаат по некоја навика што го нервира партнерот. Најчесто одлучуваме да ги прифатиме овие безначајни навики и да не му замеруваме на партнерот за нив. Но, ако постојано му нагласувате на партнерот дека направил или кажал нешто погрешно, на некој начин ја саботирате вашата врска.

Не можете да очекувате од партнерот секогаш да се однесува како што мислите дека треба. Ако станува збор за сериозна грешка, разговарајте за тоа, но немојте да ги истакнувате сите ситници.

Не заборавајте дека и вие имате навики што вашиот партнер не ги сака, но сепак не ви зборува за нив.

Истовремено, немојте да ги маскирате критиките како шеги со надеж дека ќе ја докажете вашата поента. Ова само ќе ја влоши ситуацијата.

7-znaci-deka-ste-losh-partner-duri-i-koga-ne-vi-izgleda-taka-02.jpg

Не му кажувате на партнерот кога ќе ве повреди

Додека постојаното критикување не е во ред, од друга страна, не треба да молчите ако партнерот вистински ве повреди. Најверојатно тој не е ни свесен дека ве повредил, па кажете му и смирено разговарајте за тоа.

Криењето на чувствата нема да реши ниту еден проблем, туку може само да го влоши. Вашиот партнер не може да чита мисли, па ако прави нешто што ве повредува, кажете му.

Секогаш му првите друштво кога излегува со пријателите

Во ред е да сакате да минувате време со партнерот, но ако постојано сакате да сте со него, дури и кога тој само сака да поразговара со некој пријател, можеби сте премногу зависни од него.

Нормално е и вие и партнерот да имате пријатели и да се дружите со други луѓе и кога не сте заедно.

7-znaci-deka-ste-losh-partner-duri-i-koga-ne-vi-izgleda-taka-03.jpg

Морате да го имате последниот збор во секоја расправија

Ако во секоја расправија целта ви е да „победите“ и да го имате последниот збор, тогаш не сте решиле ништо.

Не заборавајте дека конфликтите во врската не се натпревар. Не треба да се обидувате да го надмудрите партнерот, туку да најдете решение на проблемот со којшто се соочувате. Тоа значи дека некогаш мора да си ја признаете грешката, да прифатите компромис и да го оставите партнерот да ја заврши расправијата.

Се заканувате со раскинување средe расправија

Ако му се заканувате на партнерот со раскинување, тогаш се обидувате да го манипулирате да направи она што вие сакате.

Со ова, вие му кажувате дека ако не прави по ваше и ако не победите во расправијата, ќе го оставите.

Никогаш не треба да се заканувате со раскинување, освен ако навистина не го мислите тоа. Не заборавајте дека овие закани можат многу да го повредат партнерот и да ја разнишаат довербата во врската.

7-znaci-deka-ste-losh-partner-duri-i-koga-ne-vi-izgleda-taka-04.jpg

Не покажувате разбирање кога партнерот се чувствува лошо

Кога партнерот има лош ден, без разлика од која причина, вие треба да бидете овде за него, а не да правите да се чувствува виновно.

Немојте да му викате да се расположи или да заборави на проблемите. Покажете му разбирање, кажете му дека може да разговара со вас и прашајте го како можете да помогнете.

Не заборавајте дека кога сте во сериозна врска, треба да бидете овде за партнерот и во лошите мигови.

Секогаш сте на вашиот телефон, дури и кога сте заедно

Денес е речиси невозможно да ги избегнеме смартфоните, но ако сте заедно, заборавете на смартфонот.

Без разлика дали гледате филм, јадете во ресторан или сте на прошетка, треба да бидете присутни и со вашите мисли. Дури и ако живеете заедно, кога ќе одредите време само за вас двајцата, оставете го телефонот.

Не е доволно само физички да бидете еден до друг, туку треба да покажете и внимание.

7-znaci-deka-ste-losh-partner-duri-i-koga-ne-vi-izgleda-taka-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg