Нека остане тајна

neka-ostane-tajna-povekjeМожеби со својот партнер зборувате за се и сешто, но сепак постојат теми за кои не се зборува, некои скриени мисли и желби кои секогаш ќе останат само тоа - скриени.

 

Утешно делува помислата дека мажите не се единствени кои така размислуваат. Според тоа, нема лутење. Тоа нема врска со она што им се случува во главата на мажите, во мислите да соблекуваат некоја атрактивна убавица која штотуку поминала покрај нив или да погодуваат каков долен веш носи и каква е кога води љубов...

neka-ostane-tajna

Против својот менталитет, мажите не можат ништо да сторат. Таквите мисли не можат да се контролираат, единствен виновник за тоа е биологијата.

Може да се рече дека жените тоа го знаат. Тоа што тие го прават во мислите не мора да значи дека би го правеле и на јаве.

Едно од најглупавите прашања кое жените можат да го постават е она за бројот на бившите девојки, особено ако се земе во предвид дека ниеден одговор нема да ги задоволи. Ако мажот е искрен па крајниот број е двоцифрен, автоматски мажот е вброен во „лесни“ мажи.

Од друга странa, мал број партнерки може да каже дали во моментот мажот лаже или пак е неискусен (уште полошо).

Затоа почесто мажите применуваат „креативна математика“ за да дојдат до бројот кој најмногу ќе им се допадне на женските уши. Значи, не се сметаат врските за една ноќ, кусите флертови, секс на „пријателска основа“, туку само врските кои траеле подолго од шест месеци.

Уште една работа е многу важна. Дури и ако мажите сметаат дека направиле грешка  со тоа што ја мамеле својата бивша девојка и отворено се каат за тоа, тој податок никогаш не треба да го споделат со сегашната девојка.

Зошто?

Можеби затоа што од тој момент таа ќе го следи секој ваш чекор и ќе стане сомничава и постојано ќе ве прекорува за секој погрешно упетен поглед. Веќе може да се чуе:

Еднаш си мамел, зошто не би мамел повторно?“.

Затоа мажите треба да се внимателни, некои работи не треба да им се признаат ниту на најдобрите другари, а камоли на сегашната девојка.

Би можело да ве интересира:

Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg