Контакт „очи во очи“
Има луѓе кои се срамежливи при запознавање, па бргу го вртат погледот. Но, вртењето на погледот е едно, а избегнувањето на контакт очи в очи е нешто...
...друго и тоа може да го одбие потенцијалниот партнер/партнерка.
Не е неопходно вие и вашиот потенцијален партнер/партнерка на првите состаноци долго и тенденциозно да се гледате во очи по дваетсетина минути и ништо друго да не ви е важно.
Секако гледањето во очи е романтично, но ако не се однесувате баш така не значи дека врската ви е однапред осудена на пропаст и дека би требало веднаш да побарате нов партнер.
Од друга страна, проблем е ако тој неа, или таа него, ни една секунда не може да го погледне во очи, ако постојано го врти погледот и го избегнува погледот на човекот кој сака да го запознае.
Таквото однесување оддава впечаток дека личноста нешто крие- а малкумина сакаат да бидат со некој кој уште од старт не е во состојба да го погледне во очи.
Не постои одредено правило колку време можете да ја гледате личноста со која сте излегле, во очи, ниту пак тоа е гаранција за било што.
Важно е да не го избегнувате контактот со очи, а ако сте срамежливи обидете се срамежливоста да ја надминете барем за неколку секунди. Немојте да претерувате па да се ѕверите во партнерот, тоа е крајно непријатно и може да делува одбивно.
Златна средина е најдобро решение. Немојте да го вртите погледот како да сте за нешто виновни, како да имате нешто да скриете, нешто мрачно и валкано, ниту пак да се ѕверите до таа мерка да му стане непријатно вашето друштво.
Да се разбереме, без екстреми и сè ќе биде во ред.