Фокусирајте се на целта
Во подолгите врски, како и во бракот, кога работите нешто заеднички, вообичаено е да се скарате околу некои ситници, како да се нешто најважно...
...на светот. Во такви ситуации добро би било да се потсетите на пошироката слика, целта која сакате да ја постигнете.
Проблемот за кој зборуваме најчесто се случува кога се работи за нешто покрупно. На пример: се селите или го реновирате станот, планирате венчавка или слично.
Тогаш многу лесно можете да заглавите во деталите и да се скарате околу нив. Тука никој никому не сака да му наштети, двајцата сакате тоа да излезе нејдобро што може, но тоа што го работите е крупно, двајцата сте под стрес и лесно избувнувате, а подоцна воопшто и не ви е јасно зошто сте се скарале за таква ситница.
Секако деталите не се толку неважни. Ако се селите, не важно само да стигнете во новиот дом, а дури тогаш да забележите дека облеката при селењето ви се искинала или извалкала, садовите ви се искршиле, лаптопот уништен...
Tреба да се погрижите за деталите, но при тоа кога ќе ве фати бес, сетете се зошто тоа го правите и целта која сакате да ја постигнете.
Така на пример со селидбата, може да ве нервира внимателното пакување на работите, но кога ќе се сетите дека тоа води кон поубав заеднички живот ќе ви стане јасно дека на работите да гледате од поубав агол.
Таквото потсетување може да ви го сочува здравиот разум и да ве спречи да завојувате со партнерот „на крв и нож“ околу тоа во која кутија ќе ги ставите чашите, а во која омилените гоблени кои ви се спомен од баба ви.