Планирате да се омажите до...
Една од почестите причини поради кои девојките се мажат со погрешен маж е палнирањето да се омажат до одреден рок, па тој план да го исполнат...
...без разлика што мисли срцето за тоа. Голем број девојки имаат план во кои години би требало да се омажат.
Некогаш таа магична бројка е базирана на биолошкиот фактор, а некогаш на нешто не е толку рационално (нејзината мајка/сестра до тој период се омажиле).
Статистиките покажуваат дека девојките опседнати со венчавка до одреден датум многу веројатно ќе се омажат за некој за кого баш и не би сакале, само за да го запазат рокот. Тоа пак не води кон среќен брак, напротив води кон бројни разочарувања.
Проблемот со оваа опсесија, мажење до одреден датум, е тоа што многу девојки не се свесни, си поигруваат со идејата, сметаат дека тоа не го земаат баш многу сериозно, наоѓаат изговори да се омажат баш со тој партнер...со кој и не се многу задоволни.
Како да се излезе на крај со тоа? Размислете: дали би се омажиле за тој партнер, дали воопшто би излегувале со него ако сте неколку години помлади?
Доколку вашиот одговор е „апсолутно да“, сосема е можно дека желбата за мажење е повеќе резултат на страв дека нема да се омажат „на време“, дека ќе останат сами, отколку желба да бидат со тој човек. Тоа нема да им донесе среќа на обајцата.