Брак без „искри“ не е брак!
Кога зборуваме за долги врски или за брак, често пати спомнуваме дека луѓето мора да се подготвени на компромиси, дека е неопходно да имаат слични ставови...
...кон работите кои им се важни, но многу е важно помеѓу нив и да постои страст, „искри“, хемија, бидејќи без тоа бракот нема да опстане, или евентуално ќе опстане како еден вид деловна заедница.
Секако дека е потребно партнерите добро да се сложуваат, да бидат во состојба да живеат заедно, да соработуваат.
Но, без страст, би можеле да бидат како брат и сестра кои живеат заедно како цимери.
Еден ден страста кон некој друг од страна ќе ве одвлече надвор од бракот, или ќе бидете несреќни во животот без страсти, живот исполнет со фрустрации.
Некои велат дека по извесен број години поминати во брак страста опаѓа, но не мора да е така во секој брак.
Под притисок на секојдневните обврски, можно е да не сакате да ја соблечете саканата личност секогаш кога ќе ја видите, но желбата постои.
Страсниот секс нема да помогне да ги снема проблемите, но ќе помогне проблемите да се пребродат полесно и партнерите да останат заедно.
Некогаш се случува страста да дојде отпосле, но сепак да ја има, да има „искрење“, хемија... инаку, без тоа, поминувањето на остатокот од животот заедно би можело да се покаже како крајно фрустрирачко.