Две важни правила за кавги на кои сите среќни парови се придржуваат
Врска заснована на силно пријателство и меѓусебно почитување, исто така, може да издржи одредена количина на конфликти. Меѓутоа, кога кавгите завршуваат така што потенцијалната штета што ја предизвикале не е санирана, со текот на времето, пријателството и почитта ќе се изгубат.
Со цел кавгите да бидат корисни, без да ѝ наштетат на вашата врска, важно е да ги почитувате овие две правила:
1. Расправајте се искрено и избегнувајте ескалација на конфликтот
Интензитетот на гневот им дава право на луѓето да кажат што сакаат, бидејќи се премногу лути за да ги контролираат зборовите. Сепак, секоја личност може и мора да дејствува поинаку и подобро.
Прв чекор е да седнете со партнерот и да измислите неколку правила со кои кавгата ќе биде рамноправна. На пример, нема викање, нема закани и нема навредување.
Идеално би било да ги исклучите сите ниски удари, кои вклучуваат обвинување, викање, проповедање, морализирање, заканување, исмевање…
Меѓутоа, освен ако вие и вашиот партнер не сте светци, ќе има повремени прекршувања на правилото. Кога тоа ќе се случи, мора да се потрудите да не ја влошите целата таа негативност.
Преземете иницијатива и обидете се да ја смирите ситуацијата. Можете да го направите ова со употреба на хумор, допир или едноставно одбивање да учествувате во непродуктивен разговор.
Исто така, не се измачувајте со гнев или тишина. Наместо тоа, изразете подготвеност за разговор.
2. Слушајте со срце - и извинете се
Најголемиот предизвик на паровите е решавањето на конфликтот на начин што ќе ги зближи и ќе им даде чувство на разбирање. За такво решавање на конфликтот неопходно е да работите на вашите вештини за слушање.
Најлесно е да се слуша партнерот кога ќе ни кажува колку сме убави, забавни и паметни, меѓутоа, кога треба да добиеме критики, автоматски заземаме дефанзивен став.
Повеќето луѓе за време на расправијата ги слушаат само неточните и искривените информации и претерувања. Ги слушаат само за да можат да ги исправат и да ја кажат својата страна на приказната.
Накратко, го слушаме само она за што не се согласуваме.
Меѓутоа, ако сакаме последицата од кавгата да не биде оддалечување, треба да избегнеме одбранбено слушање. Следниот пат кога ќе се расправате, обидете се да се фокусирате на работите со кои се согласувате.
Застанете кога ќе започнете да го прекинувате и поправате партнерот. Запомнете дека само изговарање на „жал ми е“ нема нужно да му помогне на вашиот партнер повторно да се чувствува смирено и безбедно во вашата врска.
Искрено извинување мора да вклучува разбирање дека не сте биле во право и признавање на тој факт.
Ашера | Црнобело