Предупредувачки знаци дека сте во врска со психопат
Поради филмовите и сериите, најчесто мислиме дека сите психопати се убијци и дека лесно можеме да ги препознаеме.
Но, овие луѓе се експерти за прикривање и манипулација, a нема да сфатите дека си имате работа со нив сè додека не е премногу доцна.
Важно е да знаете дека психопатите можат да бидат и мажи и жени, а и покрај нивната способност за прикривање, постојат неколку знаци што ги „издаваат“.
Доколку се сомневате дека можеби сте во врска со психопат, обрнете внимание на следниве знаци:
Необичен шарм
Многу луѓе се шармантни, но шармот на психопатите никого не остава рамнодушен.
Овие луѓе знаат како да раскажуваат приказни, а во секоја од нив се претставени во најдобро светло. Истовремено, нивните приказни понекогаш звучат премногу неверојатно за да бидат вистинити.
Она што го издава психопатот е тоа што неговиот шарм може да изгледа нереален.
Преголема самодоверба
Постои тенка линија помеѓу нарцисите и психопатите. Додека секој психопат е нарцис, не секој нарцис е психопат.
Од една страна, нарцисите само се обидуваат да се стават во центарот на секој ситуација. Психопатите, од друга страна, сакаат да имаат моќ над другите и да ги користат за своите цели и потреби.
Психопатите имаат преголема самодоверба и не покажуваат никакво сочувство, без разлика на ситуацијата.
Патолошко лажење
Навистина е неверојатно колку далеку можат да одат психопатите со нивните лаги.
Тие можат да лажат во секоја ситуација, и тоа за буквално сè. Нивните лаги се добро осмислени, до најситниот детаљ, па понекогаш е невозможно да ги препознаете.
Доколку фатите психопат во лага, внимавајте. Не само што ова ќе го разгневи, туку може да го натера и да ви наштети.
Недостаток од чувство на вина
Овие луѓе прават што сакаат, без разлика дали ќе наштетат некому.
Сепак, важно е да знаете дека не сите психопати се исти. Кај некои може да се појави чувство на вина, но некои воопшто не помислуваат на тоа.
Токму поради ова, речиси е невозможно да излезете на крај со партнер психопат.
Недостаток од емпатија
Недостаток од емпатија е она што ги прави психопатите психопати.
Ако, на пример, на психопат му раскажете за ситуација каде што сте биле повредени, тој нема да покаже никаква реакција.
Можеби ќе се обиде да ви покаже сочувство, но ќе забележите дека тоа е плитко и лажно.
Шансите да завршите во врска со психопат се навистина мали, но добро би било да ги знаете предупредувачките знаци.
Дури и ако личноста нема намера да ви наштети, врската со неа може да биде вистински предизвик. Кога ќе знаете на што да обрнете внимание, ќе се навреме заштитите.
Спирова С. | Црнобело