Неуредност, флерт со други – „прва помош“ за 5 кризни љубовни ситуации
Сè е прекрасно на почетокот, а потоа доаѓа време кога би се јавиле на дежурен психијатар. Се нервирате затоа што тој не ви го пофалил ручекот, ве оставил сами на забавата и флертувал со други луѓе
. Пристигнува план за прва помош кога вашата љубовна врска „ќе се разболи“.
1. Флертува како луд со другите
Кога некој честопати гледа во други луѓе и ги крева усните во насмевка, тоа навистина може да фрустрира. Поради ова со текот на времето ќе почнете да се чувствувате занемарено.
Иронично, токму ова чувство на занемарување го наведува вашиот партнер да бара внимание на друго место. Посветете му повеќе внимание и ќе биде само ваш.
2. Премногу е неуреден
Облакодери од книги, планини на креветот, траги од цунами во плакарот…Не сте сами во оваа ситуација, 80% од жените се жалат дека нивниот партнер е неуреден.
Лошата вест е што нема да можете да го поправите, но ќе можете да го промените вашиот став. Гледајте на оваа неуредност како на мала слабост и претпочитајте да се концентрирате на неговата силна страна.
Да речеме, може да ја поправи масата или креветот. Секако, тоа не значи дека треба да го игнорирате фактот и сепак, може да кажете што и пречи и да се обидете да најдете компромис.
3. Тој е вашата спротивност
Можеби различностите се привлекуваат, но научно е докажано дека ќе имате повеќе конфликти, доколку сте многу поразлични карактерно. Кој ги прифаќа разликите во карактерот, може да избегне 80% од сите расправии.
4. Вербално цунами
Секогаш кога изразувате мислење различно од неговото, избувнуваат конфликти. Но дали знаете да се борите?
Имено, ако вашиот партнер потекнува од семејство каде сè се дискутира гласно, додека вие никогаш не го кревате гласот, факт е дека се расправате на различни јазици.
Дознајте ја неговата „шема“ и решавајте ги работите „на ист јазик“.
5. Мали, но иритирачки навики
Само е прашање на време пред да сфатите дека повеќе не можете да го поднесете начинот на кој, на пример, вашиот партнер јаде. Се разбира, ако не го прави ова намерно, треба да останете мирни. Тој веројатно не е ни свесен за оваа лоша навика.
Обидете се љубезно да го предупредите за оваа непријатна навика. Во повеќето случаи тоа помага, затоа што никој намерно не сака да биде напорен.
Ашера | Црнобело