Одложување на бракот
Постојат мажи на кои жената многу им значи, но со која и не се обидуваат да почнат љубовен однос (не поради тоа што таа е мажена или пак не е заинтересирана)...
...ќе речат дека ја „чуваат“, а во меѓувреме ќе излегуваат и ќе се забавуваат со други жени под претпоставка дека девојката која ја „чуваат“ верно ќе ги чека.
Многу ќе се изненадат кога ќе откријат дека неа и здодеало чекањето и дека си нашла друг.
Во принцип се работи за незрели личности, без разлика на возраста. Секоја љубовна врска се „троши“. Тие никогаш вистински не се врзуваат, туку продолжуваат да истражуваат.
Некојпат се работи за тоа дека доволно не се наживеал, се плаши од врзување, нешто трето или четврто, а љубовта тој ја смета како нешто што се „троши“ и затоа жената која му значи ја „чува“, односно не се впушта со неа во однос, за да не му се потроши љубовта.
А таа? Веројатно во почетокот ќе и се допадне, можно е да е многу заљубена во него и дека тој со време ќе се смири и опамети и дека единствено со неа ќе биде среќен....
Но нејзините чувства никојпат нема да и бидат возвратени. Со тек на време бидејќи „нивното време“ не доаѓа, нејзината љубов престанува и таа наоѓа некој друг. Што е подолго времето на чекање, таа е се полута на него поради залудно изгубеното време.
Љубовта не е сомун леб па да се потроши (и лебот кој го чувате станува бајат). Тој што ве „чува“... најдобро веднаш заборавете го затоа што кој знае кога ќе се сети на вас за да ве „употреби“ и дали пак вие тогаш ќе го посакувате.
Живејте свој живот, не дозволувајте неговиот проблем да стане ваш.