Долг секс = подобар оргазам?
Се чини нормално што секое момче по својата природа сака да биде што поиздржлив во текот на сексот. Впрочем, зошто да не потрае нешто што е толку убаво?
Меѓутоа во реалниот живот на нашата желба делуваат и многу други фактори, а постојат и некои културолошки очекувања.
На различни краеви на светот различната минутажа различно се цени. Некои се задоволуваат со еден час, некои со петнаесет мунути, а некој не сака да лаже, па ќе рече дека понекојпат е среќен и со 7 минути. Различни луѓе, различни сексуални навики.
Факт е дека сите на овој или онај начин сме бомбардирани со приказни за посакуваните сексуални потреби.
Проблемот лежи во тоа што потребите се често нереални во секојдневниот живот. Секој филмски јунак може да издржи шест часа непрекинат секс.... Може, но само на филм. Всушност дури ни таму!
Сите слични митови треба да се соборат како нереални. Еден од нив е и тој дека ако можеме „подолго“, на тој начин ќе и обезбедиме подобар оргазам на партнерката.
Се враќаме на истата приказна - за жените сексот е сепак покомплициран, на повеќето не им е доволен само сексуалниот чин за да постигнат оргазам.
Иако ја занемаруваме, предиграта, има огромно значење. Работите во сексот не се така едноставни за да може да се фокусираат само на тоа дали сме, или не сме во состојба да ја мериме минутажата на сексуалниот однос. Има нешто и во самата љубов, нежноста и сензуалноста на партнерот.
Трчањето за продолжување на времето за палење на фитилот на оргазмичката експлозија едноставно не вреди.