Водење љубов под туш
Една од честите идеи и сексуални фантазии е да пробате водење љубов под туш. Некои тоа никогаш нема да го пробаат, ќе остане само фантазија и ќе се...
...жалат дека немаат можност да го пробаат, а некои ќе заклучат дека тоа баш и не е добра идеја.
Кога ќе размислите за тоа, може да делува привлечно, секси и возбудувачки. Самиот сексуален чин меѓутоа може да биде многу проблематичен.
Лизгаво е, што значи има можност и да паднете и да се удрите, а кадата и плочките и не се баш мека подлога.
Покрај тоа целиот секс може да биде физички многу напорен, како што обично и е сексот во стоечка положба, поради неопходноста за постојано ускладување на висината за да сè дојде како што треба.
И уште нешто, на голем број парови им се случува да откријат дека некои метални делови во кадата и не се така цврсти како што мислиме дека се.
Но, додека не се проба, не се знае. Обидете се – можеби ќе ви се допадне.
Во најголем број случаи, сепак излегува дека водењето љубов под туш, без разлика што гледате по филмовите, е неудобно, напорно и носи ризик на повреди- што не ве спречува да почнете со љубовната игра под туш... потоа да ја продолжите на некое поудобно место каде нема да има опасност да се повредите.