Налетавте на бившиот?
Случајна средба со бившиот дечко или бивша девојка додека сте излезени со новиот партнер е можна, посебно во нашава мала земја. И покрај тоа што може да не...
...излезе ништо посебно од таа средба, постојат и многу непријатни ситуации. Не е секогаш лесно да се излезе на крај со емоциите кога нешто такво ќе се случи.
Во такви ситуации најдобро е кон бившиот да се поставите учтиво и дистанцирано. Тоа може да биде тешко ако се уште чувствувате привлечност кон него.
Тогаш може да се случи да зборувате пребргу и премногу... гледајте да не дојде до тоа. Преставете ги бившиот и сегашниот дечко еден на друг по име, без објаснувања на врските.
Немојте да се фалите, бидете воздржани. Не зборувајте за лични работи, ниту пак нешто во стилот „Баш супер што те сретнав“!
Доколку повеќе не го сакате бившиот дечко и го сметате за будала и губитник, може да делува привлечно да се пофалите со новиот партнер, да се „правите паметна“, да бидете нељубезна...
Немојте, бидејќи така му придавате значење кое не би смеел да го има. Наместо тоа учтиво поздравете го, без посебно насмевнување или мрштење и продолжете понатаму.
Без разлика кој кого оставил, кога ненадејно ќе налетате на бившиот додека сте со новиот партнер, длабоко земете здив и избројте до 50.
Експертите предлагаат да броите до 10, но не е доволно. Тоа е ситуација во која треба импулсивно да се реагира, а може да помогне и длабоко дишење и броење во себе.
Среќавањето на бившиот додека сте со новиот партнер не е никаква катастрофа, освен ако бившиот е патолошки љубоморен манијак, но може да ве наведе да реагирате со емоции за кои не сте свесни дека се толку јаки или дека воопшто ги има, па би било добро да бидете внимателни.