По мислење на мажите: Каква девојка е вистинска секс бомба во кревет?
Вкусовите се различни, но постојат неколку карактеристики на партнерките, за кои припадниците на посилниот пол, согласни се дека се најпосакувани адути при интимните односи.
Што ја прави една жена кралица меѓу чаршафите? Кои желби, фантазии и очекувања ги имаат фраерите? Дали е пресуден физичкиот изглед?
Искрените одговори на овие прашања ги дадоа повеќе момци од соседството, одгатнувајќи им ја дилемата на мноштво припаднички од понежниот пол.
Еве каква девојка е вистинска секс бомба во кревет – по мислење на мажите:
„Во ниту еден случај не смее да биде крута и несигурна. Доколку таа само пасивно лежи, тогаш сексот за мене нема никаква убавина.“
„Според мене жената е добра во кревет, кога јас точно знам што таа сака, односно кога ми ги сигнализира сите нејзини желби.“
„Најубав ми е сексот кога добро си ја познавам партнерката. Ако имаме целосна доверба еден во друг, може да се опуштиме и препуштиме на задоволството.“
„Добрата жена во кревет е единствено онаа што секојпат орално ќе ме задоволи. Жалам, ама едноставно не можам да го замислам сексот без тоа.“
„Сексот по мене е добар исклучиво кога и двајцата уживаме и се забавуваме. А, за девојката сметам дека треба максимално да им се препушти на фантазиите.“
„Таа не сме да биде плашлива или срамежлива. Сакам кога партнерката е отворена и игрива. Ова не важи само за сексот, туку и животот генерално.“
М. А. | Црнобело