Како да не ја барате за жена?
Иако ова прашање е посебно актуелно во сезоната на празниците, сепак и прекините се најчести во овој период. Случајност? Можеби не. Лош предлог може...
...да стави крај на врската и не секогаш е очигледно тоа што може во тој момент да ве зафркне. Пред воопшто да се одлучите на овој чекор, едуцирајте се како тоа да не го направите.
Не ја барајте во јавност
Предлогот во јавност може и да не е паметна идеја затоа што и ствара притисок на жената веднаш да одговори. Сигурно не сакате вашата потенцијална идна сопруга да каже "Да" само да за да се спаси од срамот од кажување "Не" пред целата ваша публика. Тој момент треба да биде интимен и само меѓу вас двајцата, бидејќи вие сте тие кои што ќе бидат заедно до крајот на животот.
Заборавете на храната
Како генерално правило, секој предлог за брак кој бил во некој познат филм можете слободно да го заборавите. Предложувањето на брак во ресторан со прстен во десертот и клекнување на колено е еднакво неоригинално како и давањето чоколадо за Св. Валентин. Направете нешто што никогаш го нема ниту слушнато ниту видено, нешто што ќе направи да се почувствува навистина посебно.
Не ја вклучувајте цела интернет публика
Еден од најромантичните предлози на интернет досега е кога едно момче ја побара својата девојка за жена преку сервисот за микроблогирање, Твитер. Но, мислите дека ова е паметна идеја? Моментот на предложување на брак е интимен и логично е дека идните брачни партнери треба барем да бидат во истата просторија, нели? Од друга страна пак, многу небитни луѓе во вашиот живот ќе знаат за вашата свршувачка пред вашето семејство и пријатели.
Не ја ставајте пред свршен чин
Колку и да сте сигурни дека таа ќе ви каже да, немојте ни да помислите да ја организирате свадбата и само да и' кажете "Утре доаѓам по тебе и одиме во матично". Не само што со тоа ја притискате за позитивен одговор, туку буквално звучи како киднапирање.
Внимавајте на временските услови
Колку и да се створени еден за друг, не значи дека временските услови ќе бидат на ваша страна во оваа ситуација. Имено, еден пар во САД отишле на планинарење за дечкото да ја побара девојката за жена. Временските услови страшно се влошиле поради што морале да викаат спасувачка екипа за да ги спасат. Уште еден пример е Меган Фокс. Кога нејзиниот дечко Брајан Остин Грин ја побарал за жена на плажа, таа го испуштила скапоцениот прстен, и иако цела плажа буквално ја изорале, не успеале да го пронајдат.