Никој не е совршен
Кога мечтаете за некого со кого би биле среќни, секогаш мислите на некого кој е совршен. Таа личност (во која сме заљубени) има и по некој недостаток, се разбира...
...бидејќи се работи за реална личност, од крв и месо, но тие недостатоци се небитни... како на пример пеги на лицето, раздалечени предни заби...
Додека, кај други (во кои не сме заљубени) тоа се непремостливи недостатоци кои ни бодат очи.
Кога во некого ќе се заљубиме, недостатоците на таа личност никогаш не ги забележуваме, дури ни делуваат и симпатично. Секако тука има и по некој недостаток кој подоцна ќе се забележи.
Ако врската потрае, почетната заљубеност помине, секопјдневицата со цела сила не малтретира па сите мани на саканата личност ќе почнат да стануваат воочливи. Тоа што некoгаш ни’ било симпатично, повеќе не е па дури и не’ нервира.
Вистина е дека не можеме да нарачаме каков ќе биде тој/таа. Ниту јадењето во ресторан не излегува секогаш онакво какво сме го нарачале, а камоли жив човек.
Покрај тоа не е работата саканата личност да биде без маани -таква секако дека нема да најдеме, бидејќи не постои, работата е тоа да се ситни недостатоци со кои можеме да живееме.
Никој не е совршен. Доколку не можеме да живееме со недостатоците на партнерот, подобро е да бидеме искрени и да побараме некој со кого можеме да живееме, отколку да минуваме години исполнети со горчина и префрлања и со се помалку љубов.