11 совети за полесно да најдете партнер по 40-тата година
7. Разговорите на првиот состанок нека бидат лесни
Првите состаноци можат да бидат навистина стресни, особено ако не сте биле на состанок неколку децении. Најважното правило е разговорот да биде лесен. Немојте да се жалите за бившиот, насмевнувајте се и покажете дека уживате во друштвото на личноста со којашто сте излезени.
Добро би било и ако избегнувате разговори за деца. Сигурно и вие не сакате да излезете на вечера и да разговарате само за деца.
8. Излезете на три состаноци со новиот потенцијален партнер
Потребно е време да запознаете некого, па пред да одлучите дали личноста е за вас, излезете на барем три состаноци. Доколку после трите состаноци сè уште не знаете дали личноста е добар слушател, дали ве цени и слично, најверојатно ништо од тоа не е вистина.
За првиот состанок најдобро е да излезете половина час на кафе, особено ако сте се запознале онлајн. Ова е сосема доволно за запознавање, а ако сте со погрешна личност ќе ви изгледа и предолго.
9. Имајте секс само ако сте подготвени
Во еден момент состанувањето ќе води до секс, но не заборавајте дека нема потреба од брзање. Не треба да имате секс бидејќи мислите дека треба, туку бидејќи се чувствувате подготвено и удобно со личноста.
Бидете директни за вашите чувства во сексот и кажете што ви се допаѓа а што не. Кажете ако долго време сте биле неактивни и замолете го партнерот да биде внимателен. Доколку ѝ верувате на личноста, овој разговор треба да биде едноставен и без проблем.
Кога ќе се чувствувате подготвено за секс, не заборавајте на заштитата. Само затоа што сте постари и не сте загрижени за бременост не значи дека треба да заборавите на кондомите. Сексуално преносливите болести се закана на секоја возраст.
10. Не играјте игри
Се сеќавате како во 20-тите по цел ден сте чекале да заѕвони телефонот за некој да ве покани на втор состанок? Доколку сте веќе во 50-тите, не треба да го трпите ова. На оваа возраст, доколку некој сака да ве види ќе ви се јави.
Немојте да трпите и да играте игри.
11. Обрнете внимание на целиот живот на потенцијалниот партнер
Доколку сте го нашле совршениот партнер, немојте да се заслепувате само од неговиот шарм и интелект. Важно е да го разгледате неговиот живот и да размислите како би се вклопиле во него.
На 40 или 50-годишна возраст, потенцијалниот партнер би требало да има колку-толку удобен живот што покажува одговорност. Немојте да барате изговори само затоа што изгледа добро.
Размислете за неговите навики на трошење. Дали ве плашат? Доколку размислувате за брак, дали делењето на финансиите ќе ви претставува ризик?
Покрај тоа, не заборавајте дека кога почнувате врска со некого, вие создавате и нов социјален круг. Односно, ќе се запознаете со семејството и пријателите на партнерот.Па, размислете дали би се вклопиле и овде.
Најважното нешто во овој случај е колку време ќе му биде потребно на партнерот да ве запознае со важните луѓе во неговиот живот.
Доколку долго време не ве претставил на никој, имајте на ум дека личноста или не е сериозна, или крие нешто.
Спирова С. | Црнобело