11 совети за полесно да најдете партнер по 40-тата година

Одењето на љубовни состаноци може да биде навистина проблематично на која било возраст, посебно по 40-тата и 50-тата година, доколку сте направиле пауза од долги години.

11-soveti-za-polesno-da-najdete-partner-po-40-tata-godina-01.jpg

Добрите вести се дека што штом ќе ги надминете стравовите, среќавањето нови луѓе ќе ви биде навистина забавно и одлична можност да најдете нов партнер.

Кога излегувате на состаноци во 40-ите и 50-тите години, важно е да знаете дека нема да биде исто како во вашите 20-ти или 30-ти. Вие не сте истата личност како и тогаш.

Ова значи дека личностите што ве привлекуваат сега ќе изгледаат многу поразлично. Покрај тоа, доколку долго време не сте биле во игра, ќе сфатите дека се промениле многу нешта.

Ќе сфатите дека многу нешта кои се случувале во минатото, како раскинување без објаснување, денес се многу почести.

За полесно да се справите со состанувањето во вашите 40-ти и 50-ти, прочитајте ги и следниве совети:

1. Пробајте онлајн состанување

Запознавањето луѓе онлајн е можеби најголемата промена што ќе ја забележите. Иако можеби не сте заинтересирани за ова, сепак ќе имате поголеми шанси да ја запознаете вистинската личност.

Немојте да се грижите ако ви е потребно време да се навикнете на онлајн состанувањето. Многу луѓе кои биле надвор од игра 10, па дури и 15 години, успеале да се снајдат, но може да заврши неуспешно.

2. Не се откажувајте целосно од традиционалните методи

Иако онлајн состанувањето им е првиот избор на повеќето луѓе, важна е и интеракцијата во живо. Потребно е и да излегувате, а не да се потпирате само на интернетот.

Вашите пријатели или семејство можат да ве запознаат со некого, можете да одите на забави организирани од работното место, можете да одите на планинарење или каде било каде што ќе сретнете луѓе со исти интереси како вашите.

3. Подгответе се за одбивање

Доколку не сте биле одбиени долго време, ова може да ве обесхрабри и во најлош случај, да ве повреди. Важно е да знаете дека одбивањето не е ништо лично и нема никаква врска со вас.

Луѓето ги одбиваат другите луѓе за безброј причини, па не обидувајте се да го барате проблемот кај вас.

Ако ве одбијат имајте на ум дека тоа не е последната личност на светот. Постојат безброј други кои би сакале да бидат со вас. Потребно е само да ги пронајдете.

4. Не се откажувајте поради неколку лоши состаноци

Доколку сте фрустрирани, имајте на ум дека наоѓањето партнер може да биде исцрпувачко. Можеби нема да ја сретнете љубовта на вашиот живот на првиот, па дури ни на петтиот состанок, и тоа е сосема во ред.

Разберете дека веројатно ќе треба да излеете на неколку состаноци со различни луѓе пред да ја ја најдете личноста со којашто ќе можете да се поврзете. Понекогаш може да ви биде потребна и година, само важно е да не се откажувате.

5. Оставете го товарот дома

Секој си има несигурности и емоционален товар од минатото - неуспешни врски, проблеми со здравјето, проблеми со децата, развод, губење на блиски луѓе... Но штом ќе се вратите во светот на состанувањето, важно е да го оставите целиот овој товар дома.

Доколку си мислите дека никој нема да ве сака бидејќи сте разведени, имате деца или што било, се лажете. Секој има свој товар, но добро е вашиот да го оставете дома.

6. Размислете што сакате

Ова важи за сите кои се состануваат во 40-ите и 50-тите, но најмногу за оние кои неодамна излегле од долга врска. Доколку сте биле во брак или во долга врска, а сега повторно сте сингл, ова е време за растење.

Пред да почнете да барате нов партнер, размислете за врските од минатото, зошто не функционирале и како можете да избегнете лош партнер.

Одредете неколку главни карактеристики што се важни за здрава врска. Исто така важно е да не бидете премногу строги со критериумите и да не го барате истото нешто како и во вашите 20-ти. Бидете отворени за промена.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg