Како флертуваат жените кои им се привлечни на сите мажи?
Доктор Моника Мур, психолог на Универзитетот Вебстер во Сент Луис, тврди дека начинот на којшто флертувате е одлучувачки. Таа смета дека невербалните знаци имаат голема улога во флертувањето.
Доколу се наоѓате во просторија со многу луѓе и најдете некој што ви се допаѓа, флертот започнува со контакт со очите.
Доколку жената го започнала невербалното флертување, таа ја покажува нејзината самодоверба, нешто што на мажите им е навистина привлечно.
Доколку сакате да ги подобрите вашите вештини за флертување, погледнете ги советите што ќе ви помогнат во тоа...
Заземете правилна положба
Доколку веќе сте го направиле првиот чекор и мажот што ви се допаѓа е пред вас, сега е време да обрнете внимание на држењето на телото.
Резултатите од едно истражување покажале дека жените имаат проблеми со флертувањето ако мажот им пријде од страна.
Кај мажите пак важи спротивното – не се чувствуваат удобно доколку жената е пред нив. Ова значи дека стоењето или седењето малку настрана може да ви ги зголеми шансите.
Бидете директни
Истражувачите од Универзитетот Бакнел откриле дека жените кои биле директни, кои активно им приоѓале на мажите и кажале дали се заинтересирани или не, имале поуспешен флерт.
Флертувајте сами
Можеби вашата најдобра пријателка ви помага кога ќе ви се допадне некој. Но сепак, ова воопшто не е потребно кога станува збор за успешно флертување.
Проблемот е што кога сте две, на мажот ќе му биде потешко да одреди дали станува збор за флерт или не. Но, доколку разговарате самите, знаците стануваат појасни.
Одржувајте го контактот со очите
Гледањето во очи е од голема важност при флертувањето. Ова ѝ покажува на другата личност дека сте заинтересирани за неа. Веројатно ви е познато чувството кога некој долго ве гледа во очи.
Токму овој ефект го прави флертувањето успешно. Едно истражување покажало дека луѓето кои само 2 минути се гледале во очи, развиле некакви чувства едни кон други.
Носете ја вистинската боја
Бојата на вашата облека исто така може да влијае на флертот. Наводно, црвената боја најмногу ги привлекува мажите бидејќи симболизира моќ и самодоверба.
Спирова С. | Црнобело